Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Австралијка собра илјадници евра за да реновира училиште во Македонија

„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија“, изјави Австралијката со македонско потекло околу инспирацијата за проектот.

avstralijka-sobra-iljadnici-evra-za-da-renovira-uchilishte-vo-makedonija-01.jpg

Медисон Ристевски е 16-годишна девојка од Австралија, која има македонско потекло. Веќе четврта генерација од нејзиното семејство живее таму, но тие не ја забораваат Македонија.

На училиште таа добила задача да лансира проект со кој ќе го направи светот подобро место за живот, па така одлучила да собира донации за реновирање на медицинското училиште во Битола. Била разочарана од неговата состојба при една посета во Македонија.

avstralijka-sobra-iljadnici-evra-za-da-renovira-uchilishte-vo-makedonija-02.jpg

„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија, земја каде здравството, образованието, демократијата и квалитетот на живот се сметаат за најдобри во светот.

Во битолската образовна установа ѕидовите и таваните беа покриени со влага. Тоалетите или беа скршени или течеа или не се пушташе вода како што треба и имаше непријатен мирис од мигот штом влегов“, вели Медисон.

avstralijka-sobra-iljadnici-evra-za-da-renovira-uchilishte-vo-makedonija-03.jpg

Таа си постави задача да собере 29.000 евра за реновирање на објектот и упати апел за донации преку онлајн платформа, а за само 4 месеци успеа да ги мотивира луѓето од Австралија, но и целиот свет да донираат дури и повеќе од првично зацртаната цел.

Целта на Медисон е да испрати порака дека секоја цел е остварлива, само ако сте одлучни и работите напорно.

avstralijka-sobra-iljadnici-evra-za-da-renovira-uchilishte-vo-makedonija-05.jpg

avstralijka-sobra-iljadnici-evra-za-da-renovira-uchilishte-vo-makedonija-04.jpg

Целата статија прочитајте ја ТУКА!

С. С. | Црнобело / Фото: Медисон Ристевски

Би можело да ве интересира:

И во Македонија измамници се јавуваат на постари лица и ги лажат дека детето им имало сообраќајка - ... Во Италија, слично како што се случува и во Македонија, жена примила телефонски ...
Македонија, Бангладеш: Фото-докази дека во светот владее урбан хаос Кога се гради неплански и прекумерно, резултатот е вистински хаос... Се согласув...
60-годишни жени од Шпанија мислеле дека се во врска со Бред Пит - Како измамници им зеле над 320.000... Ако Бред Пит ве убеди дека ве сака, ќе му дадете 150.000 евра за бизнис, нели!? ...
„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...
Сиромашен рудар од Индија ископа дијамант вреден 80.000 евра: „Парите ќе ги поделам со најблиските“ „Прво сакам да си ги исплатам долговите, а сè што ќе заработам од продажбата на ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg