Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


60-годишни жени од Шпанија мислеле дека се во врска со Бред Пит - Како измамници им зеле над 320.000 евра?

Ако Бред Пит ве убеди дека ве сака, ќе му дадете 150.000 евра за бизнис, нели? Или, можеби не... Како и да е, две 60-годишни жени наседнале на трикот на онлајн измамници и останале посиромашни за околу 325.000 евра.

60-godishni-zheni-od-shpanija-mislele-deka-se-vo-vrska-so-bred-pit-kako-izmamnici-im-zele-nad-320-000-evra-01.jpg

Јасно е дека на шармот на Бред Пит никој не може да одолее... Шпанските и светските медиуми ја пренесуваат приказната како две жени во Шпанија кои имале над 60 години останале посиромашни за вкупно 325.000 евра, откако со месеци наназад верувале дека се во „онлајн“ врска со холивудскиот заводник.

Иако, нивниот идентитет не се соопштува во јавноста, приказната на овие две жени привлече огромно внимание во целиот свет, откако се дозна како „Лажниот Бред Пит“ успеал да им земе голем дел од животната заштеда.

60-godishni-zheni-od-shpanija-mislele-deka-se-vo-vrska-so-bred-pit-kako-izmamnici-im-zele-nad-320-000-evra-02.jpg

Властите во Шпанија, деновиве уапсиле пет лица за кои се верува дека вршеле интернет измама, лажно претставувајќи се како Бред Пит на социјалните мрежи.

Целта им била да најдат наивни жртви, кои ќе веруваат дека започнале романтична врска со холивудскиот актер.

Иако, на прв поглед ви изгледа неверојатно дека некој би наседнал на оваа измама, две жени на возраст над 60 години биле измамени од криминалната мрежа.

60-godishni-zheni-od-shpanija-mislele-deka-se-vo-vrska-so-bred-pit-kako-izmamnici-im-zele-nad-320-000-evra-03.jpg

Како што појаснуваат шпанските медиуми, измамниците со месеци ги проучувале профилите на социјалните мрежи на жените, а откако започнале онлајн врска со нив, почнале да бараат пари од нив за наводни инвестиции.

Лажниот Бред Пит, со кого биле во врска, од нив барал да префрлат пари за нивните инвестиции и проекти (кои што воопшто не постоеле).

60-godishni-zheni-od-shpanija-mislele-deka-se-vo-vrska-so-bred-pit-kako-izmamnici-im-zele-nad-320-000-evra-04.jpg

Во Шпанските медиуми е објавена фотката која ја добивале жртвите, на кои наводно Бред Пит држи ливче на кое на шпански пишува:

„Мила, навистина те сакам. И ветувам дека ќе ти платам сè. Да, мила, те сакам. Секогаш ќе бидам тука за тебе, убавице моја“...

60-godishni-zheni-od-shpanija-mislele-deka-se-vo-vrska-so-bred-pit-kako-izmamnici-im-zele-nad-320-000-evra-06.jpg

Жените, кои верувале дека ќе имаат блескава иднина со еден од најголемите заводници во Холивуд, префрлале пари за да му помогнат на својот сакан.

Првата жена од Гранада, Шпанија, вкупно загубила 175.000 евра, а втората од Визкаја, загубила 150.000 евра.

60-godishni-zheni-od-shpanija-mislele-deka-se-vo-vrska-so-bred-pit-kako-izmamnici-im-zele-nad-320-000-evra-05_copy.jpg

Двете жени го пријавиле случајот во полиција, а властите откриле дека се работи за добро организирана криминална структура, со разработен план за финансиски криминал, фалсификувани документи, офшор сметки итн.

Засега, властите успеале да вратат околу 85.000 евра, а сè уште се трага по остатокот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децат... „Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg