Маж се разбудил од кома, откако сопругата 5 години се грижела за него
- Детали
- петок, 23 август 2019
57-годишната посветена сопруга вели: „Никогаш не помислив да се откажам од него.“
Ли Џихуа од местото Xiangyang во Кина се разбудил од кома минатата година, откако сопругата, која работи како медицинска сестра, се грижела за него 5 години.
Тој доживеал сообраќајна незгода со мотор во 2013 година и имал сериозни повреди на мозокот, но неговата сопруга Жанг минала речиси 2.000 денови во грижа за него, спиејќи само по неколку часа помеѓу чистењето, хранењето и грижата за својот сопруг.
Во тој период таа ослабела 10 килограми поради напорното темпо, но сè се исплатело бидејќи по 5 години тој се освестил и првите зборови му биле „Жено, те сакам“.
Докторите предвидувале дека Ли до крајот на својот живот ќе остане во вегетативна состојба, но 57-годишната Жанг не го прифаќала тоа и секој ден му читала и му ги пуштала омилените песни.
Овие работи наводно биле многу стимулативни за неговиот нервен систем. Сега, Ли минува низ низа болнички третмани со масажи и стимулации и, иако не може да зборува многу јасно, со него е направен голем напредок од кога се разбудил од кома минатата година.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





