Се купува само од таму, а парите се враќаат на исто место – Зошто Бристол има своја валута?

Веќе со години, британскиот град Бристол си има своја валута. Идејата зад ова е да се купуваат само локални производи.

bristol-gradot-shto-ima-svoja-valuta-01.jpg

Но дали во овој случај станува збор за вистински пари? Бристолската фунта е воглавно прифатена во Бристол, а локалните жители не ги интересира што со неа не можат да тргуваат на берзата во Хонгконг или Буенос Аирес.

Но парите не знаат географија и во основата на користењето на парите се наоѓа договорот.

Добро и за економијата и за животната средина

Според еден трговец, од економска гледна точка, ова значи дека парите остануваат на ова подрачје и завршуваат само во еден град. Па ова наводно има добро влијание врз локалната економија. Со бристолската фунта се плаќаат само продукти што се направени во градот.

На почетокот на 70-тите години била основана градската фарма Вербург која била како засолниште за тогашните „деца на цвеќето“.

Од овде произлегувале еколошки производи со кои се снабдувале локалните продавници. Бристолската фунта произлегла од овој систем.

„Секој знае: Сега ги имам овие пари и ќе ги потрошам на локални производи. Важно е пред очи да го имате тој локален концепт“, изјавила Сара Флинт, претставничка на фармата.

Овој систем на плаќање е многу близок до размената на добра. Нешто слично постои во некои заедници кои сакаат да имаат и да трошат само толку пари колку што навистина им се потребни.

Се разбира, на локалните жители им се потребни и продукти кои потекнуваат од друго место, како на пример бензин. Но овој систем го поттикнува размислувањето за тоа што всушност ни е потребно од светот околу нас, а истовремено ја поттикнува и заштитата на животната средна.

bristol-gradot-shto-ima-svoja-valuta-02.jpg

Ланците продавници овде се ограничени

Сијаран Менди е една од креаторите на бристолската фунта. Таа изјавила дека валутата ја користи мрежа од околу 2.000 претприемачи и продавници.

„За снабдувањето со храна и други продукти да остане на едно подрачје и за да се избегне трошењето енергија за нивен транспорт од целиот свет, мора да се интервенира во самиот систем и разните сектори на економијата. Тоа беше една од причините за настанувањето на бристолската фунта“, изјавила Менди.

Валутата настанал кога од Tesco, најголемиот ланец продавници во Велика Британија, сакале да отворат продавница во Бристол, а факт е дека овие ланци секогаш ги победуваат локалните продавници бидејќи нудат продукти по пониска цена.

Но и овие ланци ја откриле убавината на „локалните“ и „регионалните“ продукти кои обично ги продаваат по повисока цена. Сепак, и за оваа продажба им е потребна соработка со големи плантажи.

На пример, еден фармер набрал 200-300 килограми домати. Но ланците со над стотици продавници бараат партнери кои можат да им обезбедат десетици тони домати годишно. Ова значи дека локалните фармери не можат да им бидат силни партнери, но можат да ги продаваат нивните производи за бристолска фунта.

bristol-gradot-shto-ima-svoja-valuta-03.jpg

Плаќање и со „обични“ фунти

Во Бристол многу мали продавници ја користат бристолската фунта. Но покрај трговците и занаетчиите, и градските службеници можат да одбираат во која валута ќе им биде исплатена платата.

На пример, поранешниот градоначалник на градот, Џорџ Фергусон, одлучил да ја прима платата само во градската валута и тоа за траење на целиот негов мандат – од 2012-та до 2016-та година.

bristol-gradot-shto-ima-svoja-valuta-04.jpg

Ова е сепак повеќе од размена

Бристолската фунта сепак не е средство за плаќање што може да се спореди со бонови или пак размена на услуги и добра. Оваа валута е нешто друго. Идејата зад неа не е само еколошка, туку има за цел да ја поттикне локалната самостојност, безбедноста и економијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...

Најчитани неделава