Жена го објавува на Инстаграм нередот кој нејзиниот сопруг го прави секојдневно – за поука на мажите

Една жена од Јапонија решила да направи Instagram профил на кој споделува фотографии од нередот што го прави нејзиниот сопруг во нивниот дом. Профилот е наречен gomi_sutero што на јапонски значи „фрлај го своето ѓубре“.

zhena-go-objavuva-na-instagram-neredot-koj-nejziniot-soprug-go-pravi-sekojdnevno-za-pouka-na-mazhite-01.jpg

Низ домот таа наоѓала искористени шамивчиња, контактни леќи, облека на подот и предмети поставени на најчудни места.

Парот живее во префектурата Фукуока, а жената изјавила дека во брак се 5 години и дека имаат ќерка.

Првпат ја забележала неуредноста на нејзиниот сопруг кога почнала насекаде да гледа негови чорапи и искористени шамивчиња. На почетокот ги споделувала фотографиите на нејзиниот приватен профил кој го следеле само нејзините пријатели.

Но, една пријателка ѝ предложила да го направи профилот јавен, па денес има дури 450.000 следбеници, каде јавно го засрамува сопругот и испраќа порака до останатите.

Жената изјавила дека нејзиниот сопруг не знае за профилот, но доколку го откриел, најверојатно ќе се смеел.

„Постојано му кажувам за неговиот неред, а секогаш кога го правам тоа тој ми кажува некоја шега, па навистина е забавно“, споделила таа.

Сепак, додала и дека кога е уморна, нејзиниот сопруг помагал во средувањето на домот... 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава