Најголемата борба со 120 тони домати – како изгледа шпанскиот фестивал Ла Томатина? (фото)

Доколку сакате да видите како изгледа борба со домати, можете да го искусите тоа на улиците во град во источна Шпанија. 

la-tomatina-najzabavniot-festival-i-najgoemata-borba-so-hrana-vo-svetot-01.jpg

Ла Томатина е традиционален фестивал со храна и се смета за можеби најголемата борба со храна во светот.

Фестивалот се одржува секоја година, а „главната улога“ ја имаат доматите. Причината за одржувањето на овој фестивал не е ништо друго, туку уживањето и забавата.

Ла Томатина се одржува во гратчето Буњол во источна Шпанија и датира уште од средината на 1940-тите. Наводно, во тој период, сосема случајно се одржала првата борба со домати. Според официјалниот веб-сајт на фестивалот, во последната среда  од август во 1945-та година, имало парада во која учествувале луѓе облечени како џинови со огромни глави (gigantes y cabezudos).

Група млади луѓе случајно му ја турнале главата на еден од учесниците. Учесникот предизвикал вистински хаос во парадата и се судрил со тезга на којашто се продавале домати. Сето ова кулминирало кога луѓето почнале да ги земаат доматите од земјата и да ги фрлаат еден на друг, па така се родила познатата борба Ла Томатина.

najgolemata-borba-so-120-toni-domati-kako-izgleda-shpanskiot-festival-la-tomatina-foto-02.jpg

Следната година група луѓе од градот организирале борба со домати, каде што секој си носел домати од дома. На почетокот на 1950-тите властите го забраниле одржувањето на фестивалот, наводно бидејќи немал никаква религиска значајност.

Сепак, во 1957-ма година бил одржан „погреб на домати“ како протест против забраната, а оние кои учествувале во протестот носеле ковчег во кој имало огромен домат. Властите немале друг избор освен да го направат Ла Томатина официјален фестивал.

najgolemata-borba-so-120-toni-domati-kako-izgleda-shpanskiot-festival-la-tomatina-foto-03.jpg

Фестивалот се одржува во последната среда од август, а оваа година беше на 28-ми. На денот на фестивалот, во 11 часот наутро на плоштадот пристигнуваат камиони полни со домати.

Борбата најчесто започнува откако ќе испукаат водените топови и трае околу еден час. После борбата, улиците на градот се чистат со млаз вода. Интересно е што поради киселоста на доматите, улиците во Буњол се екстремно чисти после фестивалот.

Во борбата учествуваат околу 20.000 луѓе од целиот свет, а се трошат речиси 120 тони домати.

Доколку сакате да го посетите фестивалот, морате да си купите карти. Можете да најдете и екскурзии до фестивалот од Мадрид ил Барселона. Картите што се продаваат на официјалниот туристички веб-сајт на Шпанија чинат 10 евра.

Погледнете како изгледаше фестивалот оваа година:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава