Жена која преживеала рак, го преплива Ламанш четири пати по ред

34-годишната Сара Томас од Колорадо, САД, го започнала овој подвиг во недела наутро, а завршила околу 6:30 часот во вторник. Повеќе од 54 часа, таа се борела со морските струи.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-01.jpg

Пред една година, Сара имала рак на дојката, а нејзиниот третман завршил во 2018-та. Таа решила да го посвети овој подвиг на сите останати кои ја добиле битката со ракот.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-02.jpg

Претходно, само четворица луѓе го имаат поминато каналот три пати по ред, но Сара е првата личност што го направила тоа четири пати.

Дури и самата била изненадена од нејзиниот успех:

„Не ми се верува дека успеав. Премногу сум вкочанета. Имаше многу луѓе на плажата кои сакаа да ме сретнат и да ми честитаат и тоа беше многу добро од нив, но воглавно се чувствувам вкочането. Навистина сум уморна сега.“

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-04.jpg

Според Сара, најголемиот предизвик во овој подвиг било справувањето со солената вода која ѝ го сушела грлото. Истовремено, морала да се бори и со силните струи, но и со многуте медузи.

„Мојот тим заврши одлична работа помагајќи ми и одржувајќи ми ја силата.“

Последното враќање од Франција ѝ било најтешко и на Сара ѝ се чинело дека трае цела вечност.

Како сето ова да не е доволно, наместо планираните 129 километри, Сара испливала дури 209. Причината била плимата.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-03.jpg

Официјалниот набљудувач на настанот, Кевин Марфи, изјавил дека овој подвиг е апсолутно инспиративен.

„Ова е неверојатно, апсолутно инспиративно. На крајот сите бевме емотивни.“

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-02.jpg

За време на пливањето Сара консумирала само протеински пијалак со електролити и кофеин. Откако завршила со пливањето, Сара заслужено прославила со шампањ и чоколадо.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-05.jpg

Сара има и претходно искуство со вакви подвизи. Прв пат го препливала Ламанш во 2012-та година, а потоа повторно во 2016-та. Ова, очигледно не било доволно за неа.

Во август 2017-та година, Сара испливала 167 километри во езерото Шамплејн, но набрзо потоа била дијагностицирана со рак.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава