Лос Анџелес трага по мистериозната бездомничка со ангелски глас

Една мистериозна жена привлече навистина големо внимание во метро станица во Лос Анџелес.

los-andzeles-traga-po-misterioznata-bezdomnichka-so-angelski-glas-01.jpg

Неодамна, полицијата од Лос Анџелес, на својот Twitter профил сподели видео од жена која пее неверојатно. Во објавата стои:

„4 милиони луѓе го нарекуваат Лос Анџелес свој дом. 4 милиони приказни. 4 милиони гласови… понекогаш само треба да застанете и да слушнете еден, да слушнете нешто убаво.“

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1177423181679755264&ref_url=https%3A%2F%2Fmiss7.24sata.hr%2Flifestyle%2Fsvi-tragaju-za-misterioznom-beskucnicom-koja-ima-glas-an-ela-zapjevala-je-i-nestala-poslusajte-27352

Видеото, кое го снимил еден полицаец, ја прикажува жената која турка голема количка и носи три кеси, додека без проблем пее арија од Пучини.

Полицаецот кој го направил видеото изјавил дека не сака да дава никакво интервју, бидејќи вниманието требало да биде свртено кон жената.

los-andzeles-traga-po-misterioznata-bezdomnichka-so-angelski-glas-02.jpg

Сепак, идентитетот на жената сè уште е непознат, но жителите на Лос Анџелес почнале да споделуваат што знаат за неа.

„Со години ја гледам на метрото. Еднаш ја слушнав како ја пее Ave Maria и мислев дека е радио. Секој си има приказна… исто и оваа жена.“

„Ја имам забележано жената неколку пати, додека се возам во метрото и ја имам видено како храни птици на улиците.“

„Ниту во милион години не би помислил дека има толку убав глас.“

los-andzeles-traga-po-misterioznata-bezdomnichka-so-angelski-glas-03.jpg

Според некои извори, жената можела да свири и виолина, и неретко барала мирно место каде што може да пее.

Изгледа дека интернет корисниците навистина сакаат да ја пронајдат оваа жена, па можеби дури и да ѝ донесат слава.

Оригиналното видео е прегледано над 154.000 пати, па којзнае, можеби наскоро ќе ја откриеме новата музичка ѕвезда.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава