Држави во кои луѓето живеат најопуштено

Што претставува за вас опуштено живеење? Дали можеби тоа е живеење во луксуз, или, пак, на место каде што невработеноста не постои?

7-te-drzhavi-vo-koi-lugjeto-zhiveat-najopushteno-01.jpg

Дали опуштеното живеење значи да имате мир, или нешто сосема друго?

Според податоците од Обединетите Нации, среќата дефинитивно не се мери со пари. Всушност, среќата се мери со начинот на кој уживаме во она што веќе го имаме.

Во светот постојат неколку држави чии жители го сфатиле ова, па тие како да ја имаат формулата за среќен и опуштен живот.

Доколку и вие сакате да живеете поопуштено, можеби треба да научите нешто од овие држави:

Кукови Острови

Поради некоја причина, Куковите Острови никогаш не се нашле на листите со „најсреќните“ дестинации во светот.

На ова место времето е сончево цела година, а секој остров е опкружен со поглед како од разгледница.

Жителите на островите тврдат дека 24 часа во денот ја чувствуваат љубовта.

7-te-drzhavi-vo-koi-lugjeto-zhiveat-najopushteno-02.jpg

Италија

Италија често е нарекувана една од најсреќните држави, а оние кои ја посетиле, сигурно го почувствувале тоа.

Иако и овде постојат политички, географски и разни други поделби, Италијанците навистина знаат како да уживаат во животот.

И покрај сите проблеми со кои се соочуваат, тие знаат како да најдат рамнотежа, а среќата ја ставаат на прво место.

Италијанците уживаат во добрата храна и доброто вино и секој ден се обидуваат да најдат убавина во животот. Зарем ви треба нешто повеќе за да бидете среќни?

7-te-drzhavi-vo-koi-lugjeto-zhiveat-najopushteno-03.jpg

Нов Зеланд

Кога во животот имате малку грижи, нормално е дека ќе бидете опуштени.

Нов Зеланд има навистина стабилна економија, прогресивна политика и можеби најубавите пејзажи во светот. За некои луѓе, ова им е сосема доволно за да бидат среќни.

Жителите на Нов Зеланд имаат и одлична смисла за хумор – уште едно нешто што придонесува за нивната среќа.

7-te-drzhavi-vo-koi-lugjeto-zhiveat-najopushteno-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава