Која е земјата „Дембелија“? Најмногу спијат, најмалку работат и најдолго живеат за разлика од останатите

Балансот помеѓу работните обврски и приватниот живот се истакнува сè повеќе како важен фактор за благосостојбата кај луѓето. Но да се постигне идеалната рамнотежа воопшто не е лесна и едноставна задача, особено кога го имаме предвид начинот на живот, како и висината на трошоците во големите градови.

Koja-e-zemjata-Dembelija-01.jpg

Дали ве интересира кои народи успеваат да го извлечат максимумот од својата работа и слободното време?

Параметрите што се земени во обѕир при истражувањето ги вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на населението кои имаат квалитетен сон во текот на ноќта, просечната должина на животниот век како и чувството на среќа кај испитаниците во секоја земја каде што е спроведена анализата.

Кој е на врвот на списокот или т.н. „земја Дембелија“?

Луксембург е на првото место, благодарение на системот во кој работодавачите ги наградуваат работниците со повеќе слободни денови, пропорционално со стареењето. Работниците постари од 55 години во Луксембург добиваат во просек 36 дена платено годишно отсуство.

Како изгледа останатиот дел од списокот и чие население најмногу ужива во животот?

  • 1. Луксембург
  • 2. Австрија
  • 3. Данска
  • 4. Норвешка
  • 5. Финска
  • 6. Шведска
  • 7. Франција
  • 8. Белорусија
  • 9. Холандија
  • 10. Швајцарија

Велика Британија зазема 17-то место благодарение на просечното работно време кое опфаќа 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години во просек, а повеќе од половина испитаници изјавиле дека во просек спијат околу 7,5 часа во текот на ноќта, што е секако одличен резултат.

Интересно е што САД се на 87-то место поради тоа што на работниците воопшто не им се гарантира платен годишен одмор, а голем дел од популацијата не е задоволен со квалитетот на сонот.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија не покажале завидни резултати и се исклучително лошо рангирани на списокот на „најсреќните земји“ во светот. Во сите три држави се работи во просек по 46 часа неделно. Со оглед на тоа што работното време им е подолго, секако очекуваме дека работниците ќе имаат повеќе денови одмор во годината, нели?

Сепак, ова не е случајот, бидејќи во Кина се добива 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, додека во Малезија ви следуваат 8 дена одмор во годината.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, тур... Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg