Емотивни фотки, уништени домови, изгорени животни – катастрофалните пожари во Австралија (фото+видео)


Емотивни фотки, уништени домови, изгорени животни – катастрофалните пожари во Австралија (фото+видео)

Пожарите кои беснеат низ речиси целата територија на Австралија оставија многу луѓе без домови, уништија огромна површина на зеленило, изгореа огромен број на коали, други животни и луѓе ги загубија животите и предизвика огромен страв и жалост кај луѓето од целиот свет.

emotivni-fotki-unishteni-domovi-izgoreni-zhivotni-katastrofalnite-pozhari-vo-avstralija-01.jpg

Веќе предолг период пожарите во Австралија не престануваат да уништуваат сè пред себе, а и покрај тоа што многумина се израдуваа на дождот кој конечно падна на некои делови, сепак според експертите, тоа не е спас, а наскоро се очекува уште полоша ситуација и покрај тоа што неколку пожари се изгаснати.

Топлото и суво време, во комбинација со сушата која траела долг период и силниот ветар, создале совршени услови за пожарите да се рашират толку брзо речиси низ целата територија на Австралија. И покрај климатските промени како најголем фактор, сепак уапсени се 24 осомничени за намерно потпалување огнови. 

emotivni-fotki-unishteni-domovi-izgoreni-zhivotni-katastrofalnite-pozhari-vo-avstralija-02.jpg

Уништена е површина од 63.000 km², изгорени се над 2.000 домови, животот го загубија најмалку 25 луѓе и една милијарда животни, а пожарникарите несебично го ризикуваат својот живот за да спасат што повеќе други.

Луѓето ги напуштаат своите домови, цели градови се евакуираат, а многумина спасот го бараат на плажите под отворено небо, иако високите температури кои достигнаа 50˚С како и чадот кој го загадува воздухот, не му одат на никого во прилог.

emotivni-fotki-unishteni-domovi-izgoreni-zhivotni-katastrofalnite-pozhari-vo-avstralija-03.jpg

Тажните глетки од коали, кенгури и други животни кои несвесно ги губат животите и горат во пожарите растажија многу срца, но голем број видеа и фотки покажаа дека има многу хумани луѓе, кои застануваат на секој чекор за да спасат по некое животинче. 

Познатите личности од целиот свет не останаа рамнодушни на овој немил настан, за кој сведочат многу фотографии и видеа, па голем дел од нив донираа средства за помош.

Крис Хемсворт, Кајли Џенер, Кајли Миног и многу други ѕвезди се најдоа на листата познати личности кои не затворија очи пред хоророт кој се случува во Австралија и испратија апел до фановите да донираат колку што можат, а и тие самите донираа голем број финансиски средства. 

Вирално се прошири и приказната за 20-годишната Кејлен, која нудеше свои голи фотки во замена за донации. Нејзиниот профил е деактивиран, семејството се откажало од неа, но таа е горда што успеала да ги натера луѓето да донираат макар и на таков начин, a собра 100.000 долари за само еден ден.

Доколку сте во можност, можете да донирате и вие!

Емотивни фотографии направени за време на пожарите во последниве месец-дена, кои нема да ве остават рамнодушни:

М. М. | Црнобело

Фото: theatlantic / edition.cnn

Би можело да ве интересира:

Доживејте ги земјите низ светот на поинаков начин, низ 10 фотки Колку пати се случило да видите фотка од некој град и да посакате веднаш да го п...
Косата ѝ е долга речиси два метри и не ја измила скоро 20 години (фото) Вели дека мирисите кои се впиваат во нејзината коса ѝ се драги затоа што ја потс...
9 луѓе ги откриваат нивните најмрачни семејни тајни „Татко ми има дете со љубовницата. Слушнав додека зборуваше на телефон, а мајка ...

Најчитани неделава