„Се тестиравме за корона вирус и откривме дека сме позитивни“ - Том Хенкс и сопругата во карантин во Австралија

Во среда навечер, Том Хенкс изјави дека тој и сопругата Рита Вилсон почувствувале симптоми на корона вирус.

tom-henks-i-soprugata-go-zakachile-koronavirusot-vo-avstralija-01.jpg

Подоцна актерот сподели дека и двајцата имале позитивни резултати на тестовите за COVID-19.

„Здраво луѓе. Рита и јас сме во Австралија. Се чувствувавме малку уморно, како да имавме настинка, и чувствувавме некаква болка во телото. Рита имаше слаба треска што проаѓаше. За да одиграме по правилата, како што треба да правиме сега низ цел свет, се тестиравме за корона вирус и откривме дека сме позитивни“, напиша актерот во објавата.

63-годишниот актер кажа и дека тој и Рита ќе бидат во карантин додека се лекуваат.

„Па, сега. Што да се прави следно? Медицинските лица имаат протоколи кои мора да се следат. Ние ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани сè додека има потреба од тоа.“

На крај, Том им посака на фановите да се грижат за нивното здравје.

Според изворите, парот бил во Австралија, но двајцата имале разни обврски. Том работи на засега неименуван филм за Елвис Присли, а Рита била на турнеја.

Пред Том да ги сподели новостите, од Warner Bros. доставија соопштение до јавноста:

„Дознавме дека член на тимот што работи на филмот за Елвис има COVID-19. Соработуваме со здравствените агенции во Австралија за да ги идентификуваме и контактираме сите кои имале директен контакт со личноста.

Здравјето и безбедноста на членовите на нашата компанија ни се секогаш приоритет и ги преземаме мерките за да ги заштитиме сите кои работат за нас ширум светот. Личноста со COVID-19 моментално се лекува.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...

Најчитани неделава