Италијански лекар за пораѓајот на неговата жена заразена со корона вирус: „Нашето бебе е голем борец!“

Педијатар од Бергамо, еден од италијанските епицентри на корона вирусoт, во саботатa од Милано даде изјава за раѓањето на неговата ќерка, откако неговата сопруга била тестирана позитивно за COVID-19.

italijanski-legar-za-poragajot-na-negovata-zena-zarazena-so-korona-virus-naseto-bebe-e-golem-borec-01.jpg

Лоренцо Норса работи како педијатар во болницата „Papa Giovanni XXIII“ во Бергамо - болницата со најголем број на смртни случаи на корона вирус. Toj ja добил веста дека неговата бремена сопруга e позитивнa на COVID-19 додека бил на должност. 

Лекарите одлучиле дека е неопходно да се оперира со царски рез: 

„Најголемата грижа што ја имав беше тоа дека мојата сопруга може да има респираторна криза за време на породувањето и дека може да заврши на интензивна нега. За среќа ова не се случи, таа беше многу силна и ќерка ми исто така беше многу силна. Имавме многу среќа.“

Норса не смеел да присуствува на раѓањето, но тој ја следел операцијата на неговиот телефон. Неговата сопруга и ќерка немале медицински проблеми, а новороденчето се покажало негативно на корона вирусот. 

Двете биле ставени во карантин една недела, пред да се вратат дома во Милано. 

„Жена ми дои со маски и ракавици, така што е јасно дека постои одреден степен на разделување со новороденчето, што е различно од она што го имавме со другите деца“, рече Норса, објаснувајќи какви мерки на претпазливост презема парот со новороденче.

„Ќе и кажеме дека е родена во многу тежок период за цела Европа, но дека била добра, родена без проблеми. Таа се однесува како голем борец“, рече докторот, кој ќе се врати на должност за неколку дена. 

Норса исто така ги повика граѓаните да ги следат упатствата од здравствените власти, предупредувајќи дека карантинот е единствениот начин да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Италија останува најтешко погодената земја во Европа од страна на корона вирусот.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава