Дали воопшто може да се надеваме на одмор летово?

Најпрво се откажаа патувањата за 8-ми Март. Па потоа за Велигден. Па оние за 1 мај. Сите пролетни патувања се откажани. Никој не може со сигурност ниту да одговори на прашањето, дали воопшто може да се надеваме на летен одмор.

dali-voopsto-moze-da-se-nadevame-na-odmor-letovo-01.jpg

Границите се затвораат, авиокомпаниите стојат во место, здравствените работници ги молат луѓето во целиот свет да останат дома за да го спречат ширењето на COVID-19. Било какво патување надвор од земјата може да носи големи последици.

Каква е иднината на патувањата?

Откажани се Олимписките игри. Олимпијците до пред некој ден живееја во неизвесност.

Најсреќното место на планетата, Дизниленд, ги затвори своите паркови, за почеток, до крајот на март. Тие ги рефундираа парите на сите резервации. Наскоро ќе донесат одлука дали ваквата ситуација ќе продолжи и во април.

Сите фестивали и поголеми настани се откажани.

Проблемот со патувањата е тоа што во секој период, исти делови од една земја можат да бидат во различна фаза на пандемија. Исто како што можат некои земји да имаат илјадници случаи, а некои многу помалку. Не се знае кога и како би се стишила пандемијата.

Многу јавни здравствени истражувачи сугерираат дека рестрикциите за патувања ќе потраат повеќе од неколку месеци. Неколку епидемиолози велат дека оваа состојба би можела да трае и 12 месеци, ако не и повеќе, но ништо не е сигурно. Друштвените интеракции ќе изгледаат сосема поинаку.

„Одлуката за тоа дека можете безбедно да го напуштите домот, или земјата, ќе биде донесена кога ќе успееме да го спречиме пренесувањето на COVID- 19.“ - вели епидемиологот од Универзитетот во Пенсилванија, Maciej F. Boni.

Колку стриктно се држиме до советите на властите за сите мерки против ширење на вирусот – од ова ќе зависи и колку долго ќе трае оваа состојба.

Седете дома, водете хигиена како што се препорачува - заедно сме во ова сите, само заедно ќе успееме да го победиме.

Истражувајте сега, ќе патувате подоцна.

Имате време да направите убаво истражување на целиот свет и да го испланирате своето следно патување, кога навистина ќе биде безбедно и возможно.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...

Најчитани неделава