Во време на корона: Тинејџерка (15) по последната хемотерапија пречекана со парада од соседите

Кога мислите и на другите, а не само на себе, светот дефинитивно е подобро место за живот.

vo-vreme-na-korona-tinejdjerka-15-po-poslednata-hemoterapija-prechekana-so-parada-od-sosedite-01.jpg

Едно соседство во Калифорнија стана вирален хит, откако ѝ приреди топло добредојде за 15-годишна тинејџерка која заврши со хемотерапија.

Со балони и постери од автомобилите на улиците и на соодветна оддалеченост еден од друг, тие го одбележаа денот кога Коко ја прими последната хемотерапија.

Инаку, дијагнозата на Коко ѝ била поставена во јуни 2019 година, а сега кога конечно завршила со процесот на лекување поради слабиот имунитет и корона вирусот не можела да има забава за добредојде.

Соседите биле свесни низ што сѐ поминала, па се организирале за да ѝ го разубават денот.

Видеото што на Твитер го објави мајката на Коко, го сподели и актерот Џон Красински, кој го пофали потегот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“ „Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, ...
3 години лежел мртов во својот стан, никој не забележал – Кој бил Србинот прогласен за „најосамен чо... „Никој не забележал дека со години е починат, немало миризба од станот, а на сос...
Си го затнува носот, се мурти: Принцот Луи е ѕвезда на роденденската парада на кралот Чарлс (фото) Со смешните гримаси и реакции на непријатниот мирис од коњите што ја влечеа кочи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg