„Го лекував ракот со сок од моркови и диета што ја најдов на интернет – за малку ќе умрев“

„Најдов еден Американец кој го промовираше природниот третман. Имаше подкаст и имаше интервјуа со лекари и професори, кои го промовираа овој третман“ – раскажува моделот Ирена Стојнова која 2 и пол години се обидувала да го излекува ракот по природен пат и за малку ќе платела со животот.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-01.jpg

Ирена Стојнова (39) е поранешен модел кој живее во Англија, а во 2021-ва година ѝ бил дијагностициран Не-Хочкинов лимфом - облик на рак кој започнува од белите крвни клетки, односно лимфоцити.

Наместо да ги прифати советите на лекарите и под итно да започне со хемотерапија, таа одлучила да се лекува сама со помош на советите и планот за исхрана што го нашла на интернет.

Таа била уверена во успехот на овие третмани, благодарение на луѓето што зборувале за нивната ефикасност.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-02.jpg

Потрошила околу 2.500 евра за соковници, а секој ден по 3 часа ги подготвувала соковите за следниот ден, во надеж дека по природен пат ќе успее да ја победи болеста.

Така, две и пол години Ирена била на диета само со сокови, па потоа почнала да се храни само со свежа храна, пробала и Intermittent Fasting, посебни чаеви и билки.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-07.jpg

Во изјава за британските медиуми, таа вели дека посебно ги слушала советите на еден човек со илјадници следбеници на социјалните мрежи кој тврдел дека телото може да се излекува само, а дека е неопходна само радикална промена на начинот на живот и на исхраната.

„Најдов еден Американец кој го промовираше природниот третман. Имаше подкаст и имаше интервјуа со лекари и професори, кои го промовираа овој третман и велеа дека стандардниот третман е многу суров.

Велеа дека луѓето кои одат на хемотерапија се мрзеливи и не сакаат да вложат труд“ – вели таа и дополнува дека ги купила неговите 3 книги со рецепти, диети и слично.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-03.jpg

Иако не чувствувала промени и гледала дека нејзиниот организам сè повеќе слабее, таа не се откажувала од обидите да се излекува сама.

„Не престанував, бев многу изнемоштена, не можев да спијам и имав халуцинации. Не можев да соберам сила ниту да му отворам врата на доставувачот.

Не можев да дишам затоа што белите дробови ми беа полни со течност, а ослабев речиси 20 килограми заради сите диети“ – раскажува таа.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-04.jpg

Минатата година, во 2023-та, таа била пренесена во болница во очајна состојба и било утврдено дека болеста напреднала до третиот стадиум.

Во првите 24 часа ниту лекарите не можеле да потврдат дека таа ќе преживее, а морала да помине речиси 3 месеци на одделение за интензивна нега.

Лекарите морале да ја убедуваат неколку дена пред да одлучи дека треба да почне со хемотерапија.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-05.jpg

По традиционалната терапија, ракот бил ставен во мирување, а таа има важна порака до сите:

„Сега можам да ви кажам дека несаканите ефекти од хемотерапијата се смешни во споредба со несаканите ефекти што ги претрпев од природната терапија.

Би рекла дека е супер да верувате во некои работи, но само ако се научно докажани и не е во ред да ги игнорирате лекарите.

Јас го направив тоа и за малку ќе платев со животот“.

za-malku-kje-umrev-zatoa-shto-go-lekuvav-rakot-so-sok-od-morkovi-i-dieta-shto-ja-najdov-na-internet-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава