„Пред и потоа“ фото споредби - Првпат во стотици години, Ерусалим празен за католичкиот Велигден

Велигден е еден од најголемите христијански празници, а огромен број верници го прославуваат во Ерусалим.

pred-i-potoa-foto-sporedbi-prvpat-vo-stotici-godini-erusalim-prazen-za-katolichkiot-veligden-01.jpg

Секоја година, стариот град во Ерусалим е преплавен со верници, кои симболично го изодуваат патот по кој се верува дека чекорел Исус пред да биде распнат.

Но, како и речиси сите градови ширум светот, корона вирусот го затвори и Ерусалим. Па, на најважниот христијански празник, градот беше пуст.

Католиците го прославуваа Велигден во неделата, на 12-ти април, но поради новонастанатата ситуација, огромен дел од нив прославуваа дома.

Фотографиите направени вo 2018, 2019 и годинава за време на празникот, многу добро го прикажуваат влијанието на пандемијата.

Во продолжение погледнете неколку „пред и потоа“ споредби од прославата за Велигден во Ерусалим:

Неделата пред Велигден, десетици илјади луѓе го одат патот за кој се верува дека го поминал Исус. Годинава, местата на кои се собираат верниците беа празни (2018 и 2020)

Иако Велигден е најважниот христијански празник, најпрометниот пат во Стариот град на Ерусалим беше пуст (2018 и 2020)

Обично целата улица, позната како Via Dolorosa, е полна луѓе, но годинава, освен полиција немаше никој друг (2019 и 2020)

Неретко верниците носат и голем крст, исто како Исус, но овојпат немаше услови за тоа (2019 и 2020)

За Велигден е речиси невозможно да се разминете на улицата, но оваа година имаше место и за паркирање автомобили (2019 и 2020)

Наводно, годинава само неколку свештеници имале дозвола да го изодат патот (2019 и 2020)

Верниците се упатуваат кон Базиликата на Светиот гроб, каде што се верува дека бил погребан Исус. Годинава, црквата беше првпат затворена од 1349-та, кога пустошела пандемијата со црната смрт

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава