Тие се посилниот кралски пар: Најубавите моменти од Кејт и Вилијам по повод 9-годишнината од бракот
- Детали
- четврток, 30 април 2020
Ви се верува ли дека поминаа цели девет години откако Кејт стана војвотката од Кембриџ?
Церемонијата што ја следеа 26 милиони луѓе само во Велика Британија, се одржа на 29-ти април 2011-та година.
Девет години подоцна, парот што ја започна врската уште во студентските денови, сега има и три прекрасни деца – Џорџ, Шарлот и Луи.
Официјалниот профил на Кензингтонската палата сподели фотографија од среќниот ден и ѝ се заблагодари на јавноста за честитките:
„Пред девет години – ви благодариме за сите прекрасни пораки за годишнината на војводата и војвотката од Кембриџ“, стои во описот.
Врската на Кејт и Вилијам е инспирација за многумина, а повеќето луѓе што ги познаваат лично, имаат само добри зборови за нив.
„Тие знаат кога да направат компромис, кога да се повлечат и кога да се извинат. Нивната врска се базира на взаемна почит и се посилни од кога било“. – велат кралските експерти.
Пo повод нивната годишнина, погледнете некои од најдобрите фотографии од кралскиот пар:
Јуни 2005: Кејт и Вилијам на церемонијата за дипломирање на Универзитетот St. Andrews
Март 2007: Парот на фестивалот за коњски трки во Челтнем
Ноември 2010: Кејт и Вилијам ја најавија свршувачката на 16-ти ноември 2010-та, а се верија на одмор во Кенија, после 8-годишна врска
Април 2011: Таткото на Кејт, Мајкл Мидлтон, ја придружуваше ќерка си до олтарот
Април 2011: Официјалниот свадбен портрет на кралскиот пар
Јули 2011: Парот на турнејата во Канада
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





