И Даниел Кајмакоски се дружел со Ѓоковиќ и Димитров (фото)

Организацијата на Adria Tour, тенискиот хуманитарен натпревар, крена навистина голема прашина на Балканот, но и во целиот свет.

i-daniel-kajmakoski-se-druzel-so-djokovic-i-dimitrov-01.jpg

Главната причина е дека во екот на пандемијата од корона вирусот, тенисерите, во организација на Новак Ѓоковиќ, играа хуманитарен меч, пред полн стадион со публика.

Неславно заврши целата идеја откако прво Григор Димитров беше тестиран и позитивен на Ковид-19, а потоа и Борна Чориќ како и организаторите Новак и Јелена Ѓоковиќ.

Иако идејата беше да се направи „нешто добронамерно“, сепак целата замисла и одржувањето на турнирот ќе биде запамтен по лошите последици кои се надеваме нема да бидат опасни по нечиј живот.

На турнирот се уживаше во добра музика и пријатно друштво, а меѓу оние кои ги забавуваа тенисерите беше и нашиот Даниел Кајмакоски. Сѐ уште немаме информација дали тој е во изолација и дали е тестиран за Ковид-19. 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...
Измамник со криптовалути и неговата сопруга сурово убиени во Емиратите за 380 милиони долари: Детали... Рускиот измамник со криптовалути и неговата сопруга биле измачувани од луѓе кои ...
Најсмешните мемиња за филмскиот грабеж во Лувр, кој траел помалку од 10 минути За голем дел од јавноста, целата ситуација е по малку комична бидејќи изгледа ка...
„Најсилната жена во светот“ остана без титула – била родена како маж, а се натпреварувала во женска ... На годинашниот натпревар за „најсилна жена во светот“ победи Американка за која ...

Најчитани неделава