Денес НАСА го лансираше роверот Perseverance кој ќе бара траги од живот на Марс

Денес, 30-ти јули, НАСА ќе го лансира роверот Perseverance (упорност), чија дестинација ќе биде Марс.

denes-nasa-kje-go-lansira-roverot-perseverance-koj-kje-bara-tragi-od-zhivot-na-mars-01.jpg

Роверот ќе има задача да ја истражува планетата, односно кратерот Jezero, кој во минатото бил езеро, со цел да најде какви било знаци за фосилизирани микроби.

Ова лансирање е дел од програмата на НАСА со која сакаат да испратат екипаж до планетата. Според програмата, до 2024-та на Месечината ќе се испратат маж и жена, кои ќе го поплочат патот до Марс за другите астронаути во иднина.

denes-nasa-kje-go-lansira-roverot-perseverance-koj-kje-bara-tragi-od-zhivot-na-mars-02.jpg

Роверот кој тежи 1.043 килограми се очекува да стигне на својата дестинација на 18-ти февруари следната година, а ќе собира информации, но и примероци од почвата во случај да биде вратен на Земјата. Со овие информации, научниците сакаат да откријат дали црвената планета има потенцијал да поддржува живот.

denes-nasa-kje-go-lansira-roverot-perseverance-koj-kje-bara-tragi-od-zhivot-na-mars-03.jpgДестинацијата на роверот на Марс

Уште поинтересно е што во склоп на мисијата, астронаутите ќе се обидат да управуваат и со хеликоптер кој ќе се наоѓа на Марс. Хеликоптерот е наречен Ingenuity, а неговото управување од Земјата ќе биде прв ваков подвиг.

denes-nasa-kje-go-lansira-roverot-perseverance-koj-kje-bara-tragi-od-zhivot-na-mars-04.jpg

Со роверот ќе бидат лансирани и три чипови на кои се наоѓаат имињата на над 10 милиони луѓе, кои се приклучија на иницијативата Send Your Name to Mars (испрати го твоето име на Марс).

Претходно, пред речиси 9 години, НАСА го лансираше роверот Curiosity на Марс, а Perseverance,пак, ќе биде најнапредниот робот што бил испратен на црвената планета.

Роверот ќе биде лансиран од Флорида, а според експертите, временските услови се погодни и има можност од околу 80% лансирањето да се одржи денес. НАСА веќе еднаш го одложи лансирањето на роверот поради технички проблеми.

denes-nasa-kje-go-lansira-roverot-perseverance-koj-kje-bara-tragi-od-zhivot-na-mars-05.jpg

Од НАСА велат дека оваа година периодот на лансирање е околу две недели – од 30 јули до 15 август, бидејќи тој период Марс е во поволна положба во однос на Земјата. „Прозорецот“ за лансирање е отворен околу два часа секој ден, а првиот обид ќе биде денес.

Лансирањето можете да го седите и во живо:

Како изгледаат подготовките за лансирањето:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава