Пустошот од експлозијата во Бејрут - главниот град на Либан, низ фотки и видеа
- Детали
- среда, 05 август 2020
Во вторникот, главниот град на Либан беше потресен од огромна експлозија. Она што на почетокот изгледаше како неколку огномети и малку чад, за само неколку секунди се претвори во експлозија што повреди над 4.000 луѓе.
Уште потрагично е што во настанот загинаа можеби над 100 лица досега.
Причината за експлозијата уште останува мистерија и додека некои тврдат дека можеби станува збор за напад, властите изјавија дека во таа област се ракувало со високо експлозивни материјали, па оттаму и експлозијата.
На социјалните мрежи веднаш почнаа да се појавуваат видеа од експлозијата, дел од нив направени толку одблиску, што многумина почнаа да се прашуваат и за безбедноста на оние кои ги снимале. Фотографиите, пак, го покажуваат пустошот кој е последица од ужасната експлозија.
Болниците во Бејрут, кои веќе се справуваат со пандемијата, брзо биле преполнети, а веднаш почнале да се бараат и донации од крв.
Уште поголем проблем е што многу локални жители се загрижени и дали воздухот е безбеден за дишење после експлозијата, најмногу бидејќи многу домови беа уништени, па многу луѓе немаат каде да се засолнат.
Либан со години се справува со кризи – покрај пандемијата, овде има и економска криза, а речиси половина од населението живее во сиромаштија.
Во државата имаше и 15-годишна граѓанска војна, а неретко се наоѓа и среде многу регионални конфликти. Поради ова, многумина се загрижени дека експлозијата ќе има катастрофални последици за целата држава.
Според премиерот на Либан, во склад на пристаништето цели 6 години имало 2.700 тони амониум нитрат, што најверојатно е „виновник“ за експлозијата. Сепак, не се знае зошто се запалила хемикалијата.
Реакцијата на маж на местото на експлозијата:
Пристаништето во Бејрут е непрепознатливо...
Уште фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





