Прегради, растојание, сите деца со маски - како изгледа враќањето на училиште во САД и дали сме и ние вака спремни? (фото)
- Детали
- понеделник, 10 август 2020
Дали да се продолжи со онлајн настава или учениците да се вратат во училишните клупи - прашање кое го мачи целиот свет. Во нашата земја денес ќе се одлучува на оваа тема. Како ќе изгледа одењето на училиште од први септември?

Дали сме подготвени децата и наставниците да бидат безбедни без да се шири корона вирусот?

Училишната година започна во повеќе училишта низ САД. Фотките се преземени од училиште во Хјустон.



Изгледа дека тамошната организација е на ниво.


Се одржува дистанца, масичките се преградени со паравани, сите деца носат маска, се практикуваат активности надвор...




Каков е вашиот став за наставата во Македонија? Подобро е да продолжи онлјан или да се отворат училиштата? Дали сме подготвени за училишните клупи?