Омилениот „Џејмс Бонд“ Шон Конери почина на 90 години

Сер Шон Конери почина на 90-годишна возраст, изјави неговата фамилија. Шкотскиот актер кој е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, кој се појави дури во 7 филмови портретирајќи го ликот на најпознатиот британски шпион, починал мирно во сон на Бахамите. 

Shon-Koneri-pochina-na-90-godini-01.jpg

Тој не се чувствувал баш добро подолг временски период, изјавил неговиот син.

Конери имаше блескава актерска кариера. Во 1988 година освои Оскар за улогата во филмот The Untouchables. Едни од неговите најпопуларни филмови се и The Hunt for Red October, Indiana Jones and the Last Crusade и The Rock.

„Тажен ден за сите што го знаеја и го сакаа мојот татко и тажна загуба за сите луѓе низ светот кои уживаа во неговиот прекрасен талент како актер“.

Конери го прослави својот 90-ти роденден на 15-ти август. Шкотската министерка Никола Стрџон изјави дека е скршена поради смртта на Сер Шон Конери.

„Нашата нација денес е во жалост поради еден од саканите синови“.

Животот на Конери низ фотографии:

Шон Конери беше првиот актер кој го глумеше Џејмс Бонд во филмот Dr. No во 1962 година заедно со Урсула Андрес.

Shon-Koneri-pochina-na-90-godini (1).jpg

Освои Оскар за најдобра споредна машка улога во 1988 година за филмот The Untouchables

Shon-Koneri-pochina-na-90-godini (2).jpg

Според многумина, тој беше најдобриот Џејмс Бонд во филмската историја

Shon-Koneri-pochina-na-90-godini (3).jpg

Конери беше добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт во 2006 година, која му ја додели неговиот колега од Индијана Џонс, Харисон Форд

Shon-Koneri-pochina-na-90-godini (4).jpg

Конери беше многу горд на своите шкотски корени, а тоа го прослави со својата книга „Да се биде Шкотланѓанец“ во 2008 година

Shon-Koneri-pochina-na-90-godini (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...
Починал од леукемија, наводно направил две чуда по смртта: Кој е тинејџерот што беше прогласен за св... Карло Акутис, кој починал во 2006-та, викендов беше прогласен за светец од стран...

Најчитани неделава