Има 39 години и 38 деца, сопругот ја оставил: Мирјам Набатанзи е најплодната жена на светот


Има 39 години и 38 деца, сопругот ја оставил: Мирјам Набатанзи е најплодната жена на светот

Со своите 39 години има родено дури 44 деца од кои 38 преживеале. Мирјам Набатанзи од Уганда има родено 6 пара близнаци, четирипати родила тројки, трипати родила четворки, а на двапати по едно детенце.

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-01.jpg

Мирјам отсекогаш сакала да има 4 деца, но од првите четири бремености родила 4 пара близнаци.

„Тоа беше навистина повеќе отколку што планирав. Бев на лекар откако веќе имав два пара близнаци за да прашам како да престанам да раѓам. По бројни тестирања ми рекоа дека имам дијагноза на несекојдневно големи јајници и каква било интервенција или апчиња за контрола на бременост би можеле да ми го загрозат животот“.

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-02.jpg

Се омажила многу млада, на 12 години за маж кој бил речиси 4 пати постар од неа, а првите деца ги добила на свои 13 години. Денес има 38 деца и сите живеат заедно во една куќа.

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-04.jpg

Дневно трошат околу 11kg пченкарно брашно за да се најадат. Спијат на метални кревети и секој ден имаат организирани активности.

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-03.jpg

Таткото на децата го напуштил семејството, па оваа неверојатна жена сама се грижи за дечињата.

„Тој веќе не е дел од нашите животи. Сè што имам сум го направила и заработила со моите две раце“.

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-03 (1).jpg

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-05.jpg

ima-39-godini-i-38-deca-soprugot-ja-ostsavil-mirjam-nabatanzi-e-najplodnata-zena-na-svetot-06.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена си позира за селфи во метро како никој да не ја гледа (видео) Жена одржа лекција за самодоверба откако си направи фотосесија среде метро. Храб...
Жена, по 4 деца и развод, на 37 години стана Плејбој модел Цел живот имала желба да биде модел, а по разводот успеала да си го реализира св...
Пар се венчал кога тој имал 17 години, а таа 51 - сега слават 19 години брак По 8 месеци врска, тие се венчале иако со 34 години разлика во години еден од др...

Најчитани неделава