Најздравиот народ во светот: Живеат до 120 години и имаат 3 тајни

Еден од најздравите народи во светот живее во планинско подрачје на северот на Пакистан.

najzdraviot-narod-vo-svetot-ziveat-do-120-godini-i-imaat-3-tajni-1.png

Народот Хунзи, за себе тврдат дека се потомци на Александар Велики, а послични се на Европејците, отколку на другите азиски народи.

Една од причините зошто се специфични е нивната отпорност на разни болести, меѓу кои е и ракот, а за тоа зборува и фактот што просечниот животен век е околу 100 години. Многумина од нив живеат и од 110 до 120 години.

Денес постојат околу 30.000 припадници на Хунзи народот и иако за тоа не постојат никакви пишани докази, тврдат дека помеѓу нив имало поединци кои доживеале и до 160 години.

Оваа мала, среќна и необична заедница живее на надморска висина на околу 3.000 метри и е невозможно да биде погодена од староста, бидејќи на 40 години, изгледаат двојно помлади.

najzdraviot-narod-vo-svetot-ziveat-do-120-godini-i-imaat-3-tajni-2.jpg

Како е тоа можно? Се тврди дека имаат 3 навики на кои се должи долговечноста:

Се бањаат во ледена вода

Факт е дека Хунзите ретко заболуваат, не само од болести како рак, дијабетес или срцеви компликации, туку и од разни вируси, настинки и грипови.

Научниците претпоставуваат дека во тоа им помага бањањето со кофи ледена вода, кое го зајакнува имунитетот.

Редовно постат

Специфично за Хунзите е дека го јадат само она што ќе го израснат – не прифаќаат увозна и индустриски произведена храна.

Се хранат со сирови овошја и зеленчуци, јаткасти плодови, разни житарки и мешунки, но и млечни производи.

Еден дел од годината не јадат ништо, во времетраење од 2 до 4 месеци, туку пијат само сок од сушени кајсии.

najzdraviot-narod-vo-svetot-ziveat-do-120-godini-i-imaat-3-tajni-3.jpg

Многу пешачат и се смеат

Хунзите поголем дел од времето го поминуваат во природа, на чист воздух. Одат дури и по 20 километри на ден.

А, додека остатокот од светот работи „на норма“ и под постојан стрес, Хунзите практикуваат медитација. Што се однесува до паузите, му веруваат на инстинктот – одмораат кога телото ќе им го побара тоа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава