9-годишно девојче цел живот не ја исчешлало косата: „Невозможно е да се помине со чешел без да плаче“

Родителите на Лајла Грејс пробувале секакви производи кои ќе им помогнат да ја исчешлаат косата на ќерката, но било залудно – девојчето е дијагностицирано со Синдром на коса која не може да се чешла.

9-godishno-devojche-cel-zhivot-ne-gi-ischeshlala-loknite-nevozmozhno-e-da-se-pomine-so-cheshel-niz-nejzinata-kosa-01.jpg

Родителите на 9-годишната Лајла од Дарби, Англија, споделуваат дека секое утро завршувало со солзи, додека мајката се обидувала да успее да ѝ ја фати во опавче или да ѝ направи плетенки.

Косата на девојчето се заплеткува толку многу, што не постоело опција да се расчешла, дури ни по користење на најразлични продукти за отплеткување. Алекс и Марк биле скршени од болка кога девојчето почнало да се споредува со нејзините сестри.

9-godishno-devojche-cel-zhivot-ne-gi-ischeshlala-loknite-nevozmozhno-e-da-se-pomine-so-cheshel-niz-nejzinata-kosa-05.jpg

9-godishno-devojche-cel-zhivot-ne-gi-ischeshlala-loknite-nevozmozhno-e-da-se-pomine-so-cheshel-niz-nejzinata-kosa-02.jpg

Лајла била официјално дијагностицирана со Синдром на нерасчешлива коса на 5-годишна возраст, кога докторите признале дека не виделе никогаш ваква коса во животот.

„Косата на Лајла Грејс почна брзо да стане и кога беше бебе, косата и беше како волнено клопче. На почетокот мислев дека тоа е прекрасно, но имав чувство дека нешто не е во ред. Луѓето велеа дека тоа е нормално, но нејзината сестра е само 20 месеци постара и знаев дека не треба да биде така. Косата брзо растеше, но беше кратка до 4-годишната возраст, а потоа почна да расте како суканици и беше многу тешко да се среди. Користевме многу производи за да ја расчешламе, но не функционираа. Беше болно за неа кога се трудев да ја исчешлам и ќе се заглавеше.“ – споделува мајката.

9-godishno-devojche-cel-zhivot-ne-gi-ischeshlala-loknite-nevozmozhno-e-da-se-pomine-so-cheshel-niz-nejzinata-kosa-04.jpg

Уште откако била мала, докторите се чуделе на нејзината состојба, но со тек на време сфатиле што е проблемот.

„Лајла имаше многу болести кога беше помала и докторите секојпат се обдуваа да сфатат што се случува со нејзината коса. Мислевме дека е недостаток на витамин. Докторот рече дека не видел нешо вакво во 25 години работа. Предизвикано е заради фоликули во форма на срце, а кај другите луѓе тие се во овална или кружна форма.“ – открива мајката.

9-godishno-devojche-cel-zhivot-ne-gi-ischeshlala-loknite-nevozmozhno-e-da-se-pomine-so-cheshel-niz-nejzinata-kosa-03.jpg

Иако на почетокот искуството било болно, сепак со тек на време Лајла си ја засакала косата, а децата во училиште ја обожаваат заради уникатноста. Постарите деца дури ѝ кажувале дека е среќна што има таква коса.

Како што поминува времето, косата на девојчето полека почнува да се „смирува“ и е полесна за одржување и чешлање.

Родителите ја научиле да биде горда на својата коса и да биде среќна со тоа што е, па додека успева да се износи со тоа, ќе биде во ред.

9-godishno-devojche-cel-zhivot-ne-gi-ischeshlala-loknite-nevozmozhno-e-da-se-pomine-so-cheshel-niz-nejzinata-kosa-06.jpg

М. М. | Црнобело / фото: Извор

Би можело да ве интересира:

„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Ќерка ми се шминка од 3-годишна возраст, троши по 2.000 долари за продукти за убавина“: Мајка стана... Мајка од САД гордо кажува дека нејзината ќерка се шминка од 3-годишна возраст и ...

Најчитани неделава