„Ќерка ми се шминка од 3-годишна возраст, троши по 2.000 долари за продукти за убавина“: Мајка стана мета на критики
- Детали
- среда, 18 јуни 2025
Мајка од САД гордо кажува дека нејзината ќерка се шминка од 3-годишна возраст и дека сега, на 10 години, има рутина за убавина која ѝ одзема најмалку половина час и ја чини околу 2.000 долари. Јавноста ја критикува дека му го краде детството на девојчето.

Нормално е малите девојчиња да изразат желба за шминкање, па и продукти за убавина кога ги гледаат нивните мајки како се средуваат.
Но, тоа не значи дека мајките им дозволуваат да се шминкаат и да користат скапи кремови и серуми додека се мали.
Сепак, ова не важи за Ешли Пејџ од Англија која гордо кажува дека нејзината ќерка користи шминка од 3-годишна возраст и дека сега, на 10 години, има рутина за убавина која ја чини мало богатство.
38-годишната Ешли, која е мејкап артистка, вели дека ѝ го купила првиот кармин на ќерка си кога имал само три години и дека денес девојчето е зависно од шминки и не излегува од дома без најмалку седум кармини во чантата.
За неа, таа го користи и епитетот Sephora kid – термин што се користи за мали деца кои се опседнати со продукти за убавина и кои честопати посетуваат дрогерии како Sephora.
Ќерка ѝ Наија има и рутина за убавина од неколку чекори која ѝ одзема половина час и повеќе, а сите продукти за нега чинат околу 2.000 долари.
„Најважната лекција што сакам ќерка ми Наија да ја научи е дека може да биде Sephora kid, но да има и детство. Јас лично не верувам дека ѝ требаат сите овие продукти. Но, сакам да има шминки и продукти за нега со кои може да си игра.
Не сум загрижена за тоа дали ќе ѝ се оштети кожата бидејќи ѝ купувам само продукти соодветни за деца, како кремови за хидратација, за чистење лице и крем со фактор“.
Наија вели дека е горда на својата „зависност“ и дека честопати им помага на другарките да си ги најдат соодветните продукти за нега.
„Опседната сум со шминка и нега на кожа. Искрено би сакала да имам мој бренд кога ќе пораснам или да станам мејкап артист. Секое утро ми требаат 30 минути за мојата рутина за убавина, како и 15-тина минути да се нашминкам“.
Мајка ѝ вели дека Наија отсекогаш ја гледала со интерес кога се шминкала, а за време на пандемијата, бидејќи имала многу време, почнала да следи туторијали за шминкање.
Сега, на 10-годишна возраст, Наија имала над 200 продукти за шминка и убавина, како гел за чистење лице, крем со фактор, бронзер, руменило, маскара, сенки за очи… Притоа, Ешли додава дека одат во шопинг и по трипати месечно.
Иако се соочува со критики, Ешли вели дека не прави ништо погрешно.
„Мислам дека луѓето забораваат дека кожата е најголемиот орган. Ги учиме децата за здрава храна и ментално здравје, па зошто да не ги учиме за нега на кожа?“
Ешли има ТикТок профил со ќерка ѝ кој го следат над 64.000 корисници, а честопати се соочува со критики кога објавува видеа на кои ќерка ѝ се шминка и користи продукти за убавина.
„И јас имам ќерка и ова е глупаво. Децата треба да си играат надвор, не да мислат на шминка и рутина за убавина“.
„Жал ми е за девојчето – нема детство и ќе порасне многу брзо“.
„Детето не е виновно што почнало да се шминка на три години, проблемот е со мајка ѝ“.
„Срамота за родителите“.
„Мислам дека со ова како да ѝ кажува на ќерка си дека не е доволно убава без шминка. Кога ќе порасне, девојчето ќе има сериозни проблеми со самодоверба“.
Спирова С. | Црнобело
