Фото-споредби: Во Полска ги отстрануваат огромните билборди што ги покриваат историските градби

Полските власти почнале да ги отстрануваат огромните билборди и реклами кои речиси целосно ги покриваат историските, но и поновите градби, а на Фејсбук веќе почнаа да се објавуваат „пред и потоа“ фото-споредби.

pred-i-potoa-foto-sporedbi-polskite-vlasti-pochnaa-da-gi-otstranuvaat-ogromnite-bilbordi-shto-gi-pokrivaat-istoriskite-gradbi01.jpg

Нема ништо лошо во билбордите, но многу луѓе сметаат дека овие реклами почнуваат да зафаќаат огромен простор во градовите. Луѓето најмногу негодуваат бидејќи кога има премногу билборди, архитектурата на самиот град е речиси невидлива зад нив.

Токму поради ова, властите во неколку градови во Полска, како Варшава и Гдањск, решиле да ги отстранат големите билборди и да им дозволат на прекрасните градби за заблескаат.

Фотографиите од овие промени се објавуваат во Фејсбук група, која истовремено ги разоткрива и нелегално поставените реклами и билборди, без дозвола од властите.

„Ние сме група луѓе кои одлучивме дека не можеме да го поднесеме визуелното загадување на нашите градови и сакаме да направиме нешто во врска со тоа, наместо да се жалиме. Нашите главни цели се борба против визуелното загадување, како и промовирање построги правила за поставување билборди, притоа покажувајќи позитивни примери од ова“, велат администраторите на Фејсбук групата.

Според нив, некои билборди и реклами целосно ги покривале историските градби, но благодарение на таканаречениот закон за заштита на урбаниот пејзаж, повеќето градови почнале да ги отстрануваат таквите билборди.

Овој закон стапил на сила во 2015-та, а досега го имплементирале околу 30-тина полски градови. Администраторите на групата се надеваат дека, покажувајќи ги споредбите од Гдањск и Варшава, ќе ги инспирираат и другите градови да ја направат оваа промена.

„Пандемијата во 2020-та го забави целиот процес и, нормално, уште има реклами кои не ги почитуваат новите правила, но локалните власти постојано работат на тоа, а граѓаните можат да ги пријават нелегално поставите билборди и реклами“, велат администраторите.

Во продолжение погледнете неколку „пред и потоа“ споредби од Варшава и Гдањск, споделени на Фејсбук:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+в... Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 ки...
Нови правила за инфлуенсерите во Дубаи, каде работат и многу Македонци - мора да извадат посебна доз... Во Обединетите Арапски Емирати, вклучено и Дубаи, се менуваат правилата за инфлу...
Трикатна зграда во близина на Валенсија се сруши како кула од карти - Дали ваква опасност демне насе... Се гради неплански, се гради неквалитетно и тоа има последици, за среќа овојпат ...
Шпекулации за смртта на НЛО истражувач: Предупредуваше за 11-те исчезнати научници, веруваше дека вл... Од 2022 до денес, 11 научници кои работеле на чувствителни проекти во САД исчезн...

Најчитани неделава