Директор со хит потег: „Си ја намалив платата за да им ја зголемам на вработените – сега си ги отплатија долговите“

Во 2015 година Ден Прајс си ја намали годишната плата за 1 милион долари за да може да им ја зголеми платата на вработените. Тогаш американските медиуми го исмејуваа, но сега тој им докажа дека го направил вистинскиот избор и открива што се променило.

direktor-od-sad-im-ja-zgolemil-platata-na-vrabotenite-na-smetka-na-svojata-sega-otkriva-shto-nauchil-od-toa-01.jpg

Ден Прајс е извршен директор на компанијата Gravity Payments, a пред шест години направи нешто поради кои не само што беше критикуван, туку дури и исмејуван од американските медиуми.

Тој решил да ја намали својата годишна плата за околу 1 милион долари, за да може да им ги зголеми платите на вработените. Односно, најниската плата во неговата компанија се качила на 70.000 долари годишно.

За споредба, минималната годишна плата во САД изнесува околу 15.000, а просечната околу 40.000 долари.

direktor-od-sad-im-ja-zgolemil-platata-na-vrabotenite-na-smetka-na-svojata-sega-otkriva-shto-nauchil-od-toa-02.jpg

Кога ја најави оваа промена во компанијата пред шест години, Ден беше и критикуван, и исмејуван од американските медиуми. Директорот беше нарекуван налудничав, а сите му предвидуваа пропаст поради оваа одлука. Но, сега Ден им докажа дека грешат.

Деновиве, со неколку Твитер објави, Ден сподели кои биле резултатите од неговиот експеримент:

„Пред шест години ја зголемив минималната годишна плата во мојата компанија на 70.000 долари годишно. Оттогаш нашиот профит се зголеми трипати, нашиот случај го истражуваат на Харвард и нашите вработени купија 10 пати повеќе домови. Секогаш инвестирајте во луѓето“.

Ден открива дека не само што забележал подобрувања во компанијата, туку и вработените биле многу посреќни. Според него, дури 70% од нив успеале да си ги исплатат долговите, голем број основале семејства бидејќи конечно ја имале потребната финансиска поддршка и генерално биле многу попродуктивни.

Ден вели дека на почетокот од пандемијата преку ноќ изгубиле 55% од профитот, но бидејќи вработените биле финансиски стабилни, можеле да издржат привремено скратување на платите.

Со ова ја вратиле компанијата на нозе, и повторно им биле зголемени платите.

direktor-od-sad-im-ja-zgolemil-platata-na-vrabotenite-na-smetka-na-svojata-sega-otkriva-shto-nauchil-od-toa-03.jpg

На својот Твитер профил, тој открива и што го натерало да ја направи промената со платите:

„Дознав дека еден вработен тајно работел и во McDonald’s. Тоа беше јасен знак дека јас сум ужасен директор кој ги разочарува своите вработени. На тој вработен веднаш му ја зголемив платата за да може да даде отказ од второто работно место. Никој не треба да има две работни места за да може да сврзе крај со крај“.

Ден нагласува и дека не почувствувал скоро никаква загуба кога ја намалил својата плата.

„За да можам да им давам по 70.000 долари на вработените, ја намалив мојата директорска плата од 1,1 милион на 70.000 долари. Не ми недостасува ништо од животот на милионер. Среќата се купува со пари само кога излегувате од сиромаштија. Но, ако веќе имате пари, повеќе пари нема да ве направат посреќни. Ќе бидете среќни само кога ќе знаете дека го правите она што е правилно.

Луѓето се фокусираат на тоа колку чини да им ја зголемат платата на вработените, а не на придобивките од тоа. За нас, нашите среќни вработени направија рекордна заработувачка и сега имаме 20.000 клиенти. Речиси и да не трошиме пари на реклами бидејќи имаме многу потенцијални клиенти“.

direktor-od-sad-im-ja-zgolemil-platata-na-vrabotenite-na-smetka-na-svojata-sega-otkriva-shto-nauchil-od-toa-04.jpg

Ден открива дека не сите вработени биле задоволни од покачувањето:

„Им ја зголемивме платата на сите, но оние кои веќе имаа поголема плата, добија покачување за помал процент. На двајца од нив не им се допаѓаше ова и си заминаа и, искрено, уште ми е криво за тоа. За среќа, после најавата за покачувањето имавме илјадници апликации за работа“.

direktor-od-sad-im-ja-zgolemil-platata-na-vrabotenite-na-smetka-na-svojata-sega-otkriva-shto-nauchil-od-toa-05.jpg

Ден нагласува дека му е јасно дека не секоја компанија може да си дозволи толкаво покачување на платите, но се надева дека оние кои се во можност ќе го следат неговиот успешен пример.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко од Канада се жали: „Ги однесов децата во Дизниленд - потрошив цело богатство за да не чекам по... „Не одете во Дизниленд. Се срамам од тоа колку пари потрошив за еден ден со семе...
„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Доказ дека доброто со добро се враќа: Бездомник спаси бебе од сигурна смрт, истиот ден го вработија ... „Не сакам да собирате средства за мене, сакам сам да си ги заработам парите“ – п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg