Фото на денот: Ученици во Шпанија имаат настава на плажа – децата се пресреќни


Фото на денот: Ученици во Шпанија имаат настава на плажа – децата се пресреќни

Месецов едно училиште од Шпанија започна доста интересен проект - наместо во училници, наставниците ги одржуваат часовите на плажа, а и тие, и учениците се пресреќни.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-01.jpg

Оваа училишна година беше поразлична од која било – во некои држави училиштата беа целосно затворени, на некои места има онлајн настава, оние кои имаат часови во училница мораат да носат маски и да држат растојание…

Сето ова дефинитивно има големо влијание врз децата, но едно училиште во Шпанија спроведе проект што дефинитивно ќе им ги разубави училишните часови на малите ученици.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-04.jpg

Учениците од училиштето Felix Rodriguez de la Fuente, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Шпанија, имаат настава на плажа. Бидејќи училиштето е лоцирано веднаш до плажата, за наставниците е релативно лесно да ја организираат наставата.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-10.jpg

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-03.jpg

На плажата се поставени училишни клупи на соодветно растојание, дечињата носат маски, а наставниците пишуваат на преносливи табли.

„Безбедно е, а децата се среќни и се забавуваат. Она што ќе го научат овде, сигурно нема да го заборават“, изјави наставник по англиски од училиштето.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-09.jpg

Наставниците почнуваат да ја подготвуваат „училницата“ во осум часот наутро, а еден училишен час трае околу 20-тина минути. Во еден ден се одржуваат осум вакви часови.

Децата се на возраст од 3 до 12 години и не се мешаат со ученици од други одделенија, а наводно, од почетокот на проектот пред недела-две, нема ниту еден заразен.

Покрај обидите на наставниците, и локалните жители кои живеат во близина се обидувале да им го разубават денот на малите ученици. На пример, локалните рибари со задоволство им покажувале како се лови риба.

„Рибарите ги научија децата како се лови риба. Им покажаа како ни помагаат да добиеме храна за време на пандемијата“, сподели директорот на училиштето.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-11.jpg

А, и самите деца се восхитени од целиот проект:

„Многу сакам да одам на плажа! Повеќе ми се допаѓа плажата од училницата бидејќи е поудобна и релаксирачка“, вели 9-годишен ученик.

„Ова е прекрасно бидејќи сме со пријателите на плажа, а многу ја сакам плажата. Во лето секој ден доаѓам тука за да пливам и многу го сакам песокот“, вели 10-годишна ученичка.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-05.jpg

Училницата на плажа е всушност дел од поголем проект, познат како Aire Limpio (свеж воздух), чија цел е да им се овозможи подобар воздух за дишење на децата, и со тоа да се намали ризикот од зараза. Засега не е познато дали и други шпански училишта ќе пробаат да држат часови на плажа.

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-02.jpg

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-06.jpg

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-07.jpg

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-08.jpg

decata-se-presrekjni-uchenicite-od-uchilishte-vo-shpanija-imaat-nastava-na-plazha-13.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Училиште во Нигерија прифаќа пластични шишиња место школарина Одлична идеја која им помага на сиромашните родители, но и ја чисти околината.&n...
Сите имаат оружје и јадат брза храна - 11 митови за Американците Мит: Секој сиромашен човек ако има желба може да стане богат. Американците работ...
Училиште во Турција не ги почнува часовите без вежби на музика (фото) Одлична идеја која треба да се примени и во македонските училишта. Резултатот е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg