Највисоката Бразилка во светот, која има 40cm понизок сопруг од неа: „Не верувам дека син ми ќе порасне колку мене“

Во 2015-тата година кога највисоката Бразилка во светот се омажи за нејзиниот 42 cm понизок сопруг тие станаа топ тема во сите медиуми. Фотографиите од нивната венчавка се појавија во голем дел од светските медиуми. Тие сега се родители на 3-годишно дете, но Елисени верува дека нејзината состојба не е наследна.

Najvisokata-brazilka-vo-svetot-sin-mi-vekje-ima-3-godini-no-ne-veruvam-deka-kje-porasne-kolku-mene-01.jpg

Елисени Силва Да Круз (25) е висока 2,07 метри, а нејзиниот сопруг Франсиналдо Да Силва Карвалјо (31) е висок само 1,65 m. Како и да е, разликата во височината не била пречка тие да стапат во брак и сега се родители на 3-годишниот син Анџело.

Najvisokata-brazilka-vo-svetot-sin-mi-vekje-ima-3-godini-no-ne-veruvam-deka-kje-porasne-kolku-mene-02.jpg

„Уште кога имав 10 години забележував дека нешто не е во ред затоа што јас бев единствена во семејството што беше висока 1,75 m“ – вели таа.

Нејзините родители воопшто не очекувале дека нивната ќерка ќе порасне толку многу. Особено затоа што мајка ѝ е висока само 1,60 m, а татко ѝ 1,70 m.

На возраст од 10 години таа чувствувала интензивна болка во коските и постојано чувствувала притисок во главата и верува дека ова било поради нејзиниот забрзан раст.

Поради необично големата височина мајка ѝ веќе била загрижена па ја однеле на лекар кој сакал да направи повеќе тестови за да се утврди точната дијагноза, но семејството немало финансии за тоа.

„Моите родители беа контактирани од Национална телевизиска мрежа откако претходно ја слушнале мојата приказна и во 2010-тата отидовме во Сан Паоло, Бразил каде се појавив на националната телевизија и ми ги направија тестовите на сметка на телевизијата. Иако навистина се срамев, сепак бев среќна што конечно имам одговор и што ќе сопре болката што ја чувствував како резултат на височината“ – вели таа за Daily mail.

Тестовите покажале дека таа има бенигнен тумор на хипофизата што предизвикувал прекумерно производство на хормонот за раст, поради што таа пораснала толку многу, а нејзината состојба се нарекува „гигантизам“.

Вели дека поради височината често била жртва на невкусни коментари од соучениците што ја нарекувале „кула“ и „џин“, поради што на 17 години решила да се откаже од образованието.

Во 2011-тата таа го запознала нејзиниот сопруг и иако постоела огромна разлика во височината, таа вели дека Франсиналдо воопшто не коментирал за нејзиниот изглед, ја прифатил таква каква што е и тоа било најважно за неа.

„Веднаш се вљубив во него, затоа што тој беше првиот што ме третираше како човек, а не како мутант. Иако постои очигледна разлика во височината, тоа нам не ни претставува проблем затоа што се сакаме такви какви што сме и не би сакале да промениме ништо“ - вели таа.

Тие стапиле во брак во 2015-тата година, а сега се родители на синот Анџело кој има 3 години.

https://www.instagram.com/p/CPAuqbEpI8c/?utm_source=ig_web_copy_link

„Анџело е веќе висок околу 1m на 3 години, но не верувам дека ќе порасне како мене, затоа што мислам дека мојата состојба не е наследна. Мислам дека ќе биде со средна височина, но дури и да не е така тој треба да ја прифати единствената предност што ќе му биде дадена“ – вели Елисени.

Инаку, Елисени веќе гледа поинаку на својата височина и во моментов работи на тоа да стане професионален модел, нешто што сонувала да го прави уште кога имала 15 години.

Повеќе фотографии од Елисени во продолжение:

https://www.instagram.com/p/CPjpJd8JLWJ/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CPguW8DptjD/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/COq976oJbfu/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CNFqYT0JTjZ/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ми се смачи да бидам сингл, ќе му платам 4.500 евра на оној што ќе успее да ми најде маж“ „Ако ме запознаете со некој што подоцна ќе ми стане сопруг, ќе ви платам 5.000 д...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg