Лавата „проголта“ над 100 куќи – морничави сцени на Канарските острови, по ерупцијата на вулкан (фото+видео)

Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма еруптираше по 50 години неактивност и иако, за среќа, нема жртви и повредени, предизвикана е голема материјална штета и досега се уништени над 100 куќи.

lavata-progolta-nad-100-kukji-mornichavi-sceni-na-kanarskite-ostrovi-po-erupcijata-na-vulkan-foto-video-01.jpg

Во неделата, 19 септември, на шпанскиот остров Ла Палма еруптираше вулкан кој бил неактивен цели 50 години.

Ла Палма е всушност дел од Канарските Острови, а овде живеат околу 85.000 луѓе, а поради ерупцијата биле евакуирани околу 5.000.

lavata-progolta-nad-100-kukji-mornichavi-fotografi-i-videa-od-erupcijata-na-vulkanot-na-shpanskiot-ostrov-la-palma-02.JPG

lavata-progolta-nad-100-kukji-mornichavi-fotografi-i-videa-od-erupcijata-na-vulkanot-na-shpanskiot-ostrov-la-palma-13.JPG

Ерупцијата била забележана навремено и за среќа нема жртви и повредени, но тамошните власти споделуваат дека има голема материјална штета – досега се уништени околу 100 куќи.

Според вулканскиот институт на Канарските Острови, во областа имало неколку земјотреси пред да еруптира вулканот, па веројатно тие се причината за неговото „будење“ по половина век.

lavata-progolta-nad-100-kukji-mornichavi-fotografi-i-videa-od-erupcijata-na-vulkanot-na-shpanskiot-ostrov-la-palma-04.JPG

Последната ерупција на вулканот била во 1971 година и траела повеќе од три недели. Тогаш имало и една жртва – турист кој ја фотографирал лавата.

Фотографии и видеа од застрашувачката ерупција на вулканот во Ла Палма:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава