На 6 години ѝ ја ампутирале ногата поради рак на коски, сега е самоуверена 29-годишна убавица

Шери од Нов Зеланд вели дека во тинејџерските години ѝ пречело тоа што е поинаква поради ампутираната нога и што луѓето зјапаат во неа, но во 20-тите години од животот научила како да се сака, почнала да се чувствува уникатно и убаво.

na-6-godini-i-ja-amputirale-nogata-poradi-rak-na-koski-sega-e-samouverena-29-godishna-ubavica-01.jpg

Шери Луис од Нов Зеланд на само 6-годишна возраст се соочила со сериозна дијагноза – рак на коските, остеосарком и имала ампутација на едната нога.

Но, Шери храбро ја прифатила ситуацијата и сега е 29-годишна убавица која со насмевка се носи со животот.

Таа самоуверено позира постојано и прикачува фотки на својот Инстаграм профилoт на кој има повеќе од 70.000 следбеници.

na-6-godini-i-ja-amputirale-nogata-poradi-rak-na-koski-sega-e-samouverena-29-godishna-ubavica-02.jpg

Вели дека во тинејџерските години ѝ пречело тоа што е поинаква и што луѓето зјапаат во неа, но во 20-тите години од животот научила како да се сака и својот недостаток почнала да го гледа на позитивен начин затоа што сфатила дека тој на некој начин ја прави уникатна и впечатлива.

Тогаш започнала да гради кариера на модел и станала заштитно лице на некои модни брендови.

na-6-godini-i-ja-amputirale-nogata-poradi-rak-na-koski-sega-e-samouverena-29-godishna-ubavica-03.jpg

„Луѓето ме обвинуваат дека глумам, дека имам само една нога и ме обвинуваат дека ја бришам мојата нога од фотографиите со Фотошоп само за внимание, но не е така“, вели Шери.

Таа сфатила дека нешто не е во ред со неа кога на 6 години почнала често да добива многу висока температура и имала огромна болка во левиот колк, што ја спречувало да трча и да се дружи со другите деца од училиште.

na-6-godini-i-ja-amputirale-nogata-poradi-rak-na-koski-sega-e-samouverena-29-godishna-ubavica-06.jpg

По низа докторски посети ѝ бил дијагностициран рак на коски.

Докторите ги известиле нејзините родители дека ќе мора да ѝ ја ампутираат ногата за да го спасат нејзиниот живот.

„Кога бев мала не верував дека некогаш ќе пронајдам работа, ќе се вљубам, ќе имам семејство или нешто од тоа затоа што не познавав некој човек со ампутирана нога за да верувам дека тоа нема да биде така.

Но, еден ден на Инстаграм наидов на модел со ампутирана нога како самоуверено позира и таа ми беше инспирација“, вели Шери и додава дека и самата сака да биде инспирација за други.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава