„Никогаш не се откажувајте од соништата“ – Маж од САД докторирал на 89-годишна возраст откако се пензионирал

Манфред Стајнер, кој има два докторати од областа на медицината, отсекогаш ја сакал физиката, па откако се пензионирал решил да се врати во училиште и на 89-годишна возраст го добил и третиот докторат.

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-sonishtata-mazh-od-sad-doktoriral-na-89-godishna-vozrast-otkako-se-penzioniral-01.jpg

Манфред Стајнер има 89 години и три докторати од кои третиот го добил оваа година. Пред пензионирање, Манфред работел како професор по медицина, но целиот живот сонувал да учи и физика. Дури во староста нашол време да ѝ се посвети на оваа наука.

„Ова е мојот трет докторат, но го ценам најмногу. Успеав – и тоа успеев на оваа возраст“, вели Манфред кој чекал скоро цел живот да си го оствари сонот.

Манфред пораснал во Виена, а во тинејџерските години ја затекнал Втората светска војна. Уште тогаш сонувал да студира физика, но родителите го советувале да се запише на медицина и тој ги послушал. Сепак, љубовта кон физиката никогаш не згаснала.

„Кога бев студент по медицина во раните ’50-ти, се искрадував во институтот за физика кој беше веднаш до медицинскиот факултет. Таму слушав што си разговараат бидејќи бев многу заинтересиран за квантна физика – гранка што беше релативно нова тој период“.

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-sonishtata-mazh-od-sad-doktoriral-na-89-godishna-vozrast-otkako-se-penzioniral-02.jpg

Манфред вели дека е пресреќен што ѝ го посветил животот на медицината, но смета дека физиката е многу подобра бидејќи сè е точно одредено.

„Законите во физиката се тие, а таа прецизност отсекогаш ме фасцинирала. Во медицината, од друга страна, има многу променливи и многу непрецизност“.

Манфред завршил медицина на Универзитетот во Виена каде што го стекнал и првиот докторат. Набрзо потоа се преселил во САД. Таму се запишал на Институт за технологија во Масачусетс каде што го добил вториот докторат за биохемија.

Следната година, во 1968-ма, тој станал асистент на медицинскиот факултет на Универзитетот Brown, каде што поминал неколку децении од животот. Манфред бил одличен професор и обучувал многу идни лекари, сè до неговото пензионирање во 2000 година.

И покрај успешната кариера, Манфред не ја заборавил физиката, па кога сфатил дека има повеќе време откако е во пензија, решил да ѝ се посвети.

„Штом се пензионирав од медицината и ми наближуваше 70-тиот роденден, одлучив да влезам во светот на физиката“.

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-sonishtata-mazh-od-sad-doktoriral-na-89-godishna-vozrast-otkako-se-penzioniral-03.jpg

Поради влошеното здравје, Манфред запишал само неколку предмети на Институтот за технологија во Масачусетс, а подоцна се префрлил во Универзитетот Brown бидејќи му е поблиску до дома.

Првично воопшто не планирал да докторира, но кога положил доволно испити и собрал доволен број кредити, му се отворила опцијата да се запише и на докторски студиии. 

Само неколку недели пред неговиот 90-ти роденден, Манфред успешно го одбранил докторскиот труд, со тоа конечно остварувајќи си го сонот од детството. Тој вели и дека физиката е одговорна за неговиот бистар ум дури и на оваа возраст.

„Важно е да не ги потрошите залудно деновите од староста. Постарите луѓе кријат мудрост која може да им биде од огромна помош на помладите генерации“.

Следно, Манфред планира да го издаде докторскиот труд, но и да продолжи да истражува.

„Сакам да продолжам да се занимавам со физика сè додека ме држи умот. Ќе направам и истражувања за теоретска физика. За тоа не ми треба лабораторија. Само компјутер и тетратка и молив“.

Манфред има и одличен совет за оние кои помислиле да се откажат од нивните соништа:

„Млади луѓе, ако имате сон, следете го. Не се откажувајте. Ако не успеете, секогаш можете да пробате и нешто друго. Но, најпрво пробајте да го следите вашиот сон“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава