На 12 години зеленоокото девојче стана икона на Авганистан на насловната на „National Geographic“ - сега е спасена од Талибанците
- Детали
- петок, 26 ноември 2021
Каков живот водеше девојчето со продорни очи кое стана симбол на борбата на Авганистан?
Се сеќавате ли на девојчето од Авганистан со впечатливи зелени очи кое стана симбол за оваа држава, откако во 1985 година се појави на насловната страница на магазинот „National Geographic“?
Денес таа е 49-годишна жена која пронајде безбедност од Талибанците во Италија.
Шарбат Гула стана лице на авганистанската борба откако нејзините продорно зелени очи беа овековечени на фотографија направена во камп за бегалци во Пакистан кога имаше само 12 години.
Години подоцна, поточно во 2016-та, Гула беше уапсена во Пакистан поради живеење во државата со фалсификат документи и беше пратена назад во Авганистан, нејзината држава растргната од немири.
Гула е вдовица и мајка на 4 деца, која сега конечно е безбедна откако пристигна во Италија како дел од акција за евакуација, откако Талибанците го заземаа Авганистан.
Италијанската влада потврди дека Гула е безбедна таму, откако самата побарала од нив да ѝ помогнат.
Фамозната фотографија од неа ја направи фотографот Стив МекКјури во 1984, а стана најпознатата насловна страница во историјата на „National Geographic“.
Таа повеќе не мора да живее под лажен идентитет.
Како изгледа Гула денес:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





