„Жените не седнуваат така“ – Вирално се шири теорија на заговор дека Брижит Макрон е родена како момче

Првата дама на Франција деновиве е во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи теоретичарите на заговори ја проширија веста дека таа е трансродова личност. Под хаштагот #JeanMichelTrogneux на социјалните мрежи масовно се споделува веста дека таа била родена како момче.

zhenite-ne-sednuvaat-taka-viralno-se-shiri-vesta-deka-brizhit-makron-bila-rodena-kako-momche-01.jpg

Брижит Макрон (68) и во минатото беше сметана за контроверзна личност пред сè поради врската со 24 години помладиот од неа претседател на Франција Емануел Макрон (44), а деновиве социјалните мрежи „се разгореа“ со веста дека таа била родена како момче.

zhenite-ne-sednuvaat-taka-viralno-se-shiri-vesta-deka-brizhit-makron-bila-rodena-kako-momche-02.jpg

Целата приказна започна во септември годинава кога весникот Faits et Documents ја објави контроверзната приказна за наводната промена на полот на првата дама на Франција, а таму се тврди дека податоците се резултат на тригодишна истрага што ја спровеле голем број експерти.

Дополнително, веста масовно се прошири откако новинарката Наташа Реј, која наводно ги истражувала тврдењата, направи 4-часовно интервју што сега е избришано од YouTube, но беше прегледано 470.000 пати.

Новинарката тврди дека контактирала голем број лекари што ѝ потврдиле дека обликот на нејзиното лице не е како на жена, дека таа има „машка“ кожа и дека не се движи женствено.

Според написите, Брижит, чие моминско име е Брижит Мари-Клод Троњо, наводно била родена како момче со името Жан-Мишел Троњо и таа не е биолошка мајка на нејзините три деца од бракот со банкарот Андре Луи Озиер.

За новинарката главен доказ е семејната фотографија на Троњо, каде иако се тврди дека Брижит е девојчето што седи во скутот на Симон Пужол, тоа не е точно, туку наводно Брижит всушност е момчето што се наоѓа во крајниот лев агол, познато како Жан Мишел Троњо (и брат на Брижит).

Според новинарката, зачудува тоа што за Жан Мишел Троњо, момчето со карираната кошула и брат на сегашната прва дама, нема никакви информации и се чини дека тоа во целост исчезнало.

zhenite-ne-sednuvaat-taka-viralno-se-shiri-teorija-na-zagovor-deka-brizhit-makron-e-rodena-kako-momche-03.jpg

Дополнително, теоретичарите на заговори, своите тврдења ги дополнуваат и со фактот дека нејзината семејна фабрика за чоколади Троњо, сега се вика Жан Троњо. Но, фабриката во моментов е управувана од нејзиниот внук Жан Александар Троњо.

Исто така се споделуваат и фото-споредби на момчето Жан-Мишел Троњо и Брижит Макрон.

На Твитер се споделени над 57.000 објави што го содржат споменатиот хаштаг.

Твитерџиите, покрај „документите“ во вид на фотографии споделуваат и видеа, на кои според нив треба посебно внимание да се обрне на начинот на кој Брижит го држи телото и седнува со раширени нозе.

„Жените не седнуваат на тој начин“ – пишува над објавата.

https://twitter.com/RefugeeNik/status/1472986686779015173

Француските медиуми ширењето на оваа „лажна“ вест го припишуваат на политичката опозиција на францускиот претседател, а Брижит веќе преку својот адвокат најави и тужби за масовното шрење лаги за неа на социјалните мрежи.

Прочитајте и Починал на 69 години, го изневерувала со 17-годишниот Емануел Макрон: Кој е првиот сопруг на Брижит Макрон?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg