Обвинувања за силување, протерување од кралското семејство – Синот на кралицата Елизабета ги изгуби сите титули

Принцот Ендру, кој неретко беше нарекуван омилениот син на кралицата Елизабета, ги изгуби сите кралски титули поради обвиненијата за сексуално малтретирање на малолетничка. По неколку неуспешни обиди на адвокатите да ја оттргнат тужбата, принцот сепак ќе оди на суд, но зад него нема да стои кралското семејство.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-01.jpg

Принцот Ендру, третото дете на кралицата Елизабета и принцот Филип, се соочува со обвиненија за сексуален напад.

Иако тој извесно време се правда и тврди дека обвиненијата се лажни, кралицата Елизабета веќе му ги одзеде сите титули, а наводно принцовите Чарлс и Вилијам барале целосно да биде протеран од кралското семејство уште пред кралицата да ја донесе оваа одлука.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-08.jpg

Жената што го обвинува принцот го поврзува со озлогласениот педофил Џефри Епстајн и вели дека тој ја присилувал да има односи со принцот, но и со други мажи. Ова се случило пред околу две децении, кога жената имала само 17 години.

Уште пострашно е што оваа жена не е единствената жртва, но таа се надева дека ќе ги охрабри и другите девојки да истапат со нивните трауматични искуства.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-10.jpg

Веќе се докажа дека Џефри и неговата партнерка Гислејн Максвел намамувале малолетни девојчиња кои потоа ги злоупотребувале на секаков начин.

Поради ова, заедно со фактот дека принцот Ендру бил добар пријател со Џефри, повеќето се убедени дека принцот ќе биде прогласен за виновен.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-02.jpg

Во 2019 година, кога се појавија гласините, принцот најостро ги демантираше:

„Не се сучи ништо такво. Категорично можам да ви кажам дека никогаш не се случило нешто такво. Не се ни сеќавам дека некогаш сум ја запознал таа жена“, гласеше неговата изјава за BBC.

Потоа, адвокатите на принцот побараа тужбата да биде отстранета поради договор помеѓу жената и Епстајн направен во 2009 година. Според договорот, Епстајн ѝ платил половина милион долари на жената за да молчи.

Сепак, барањето беше одбиено бидејќи договорот не бил доволно прецизен и не се однесувал на принцот.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-06.jpg

Всушност принцот неколкупати направи слични обиди за отфрлање на тужбата, но безуспешно, што значи ќе мора да оди на суд.

Во меѓувреме, тој престана да оди на неговите кралска должности и се повлече од јавноста.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-07.jpg

Досега Бакингемската палата не го коментираш случајот, но сега кралицата му ги одзела буквално сите титули на принцот. Ова значи дека тој никогаш нема да им се врати на кралските должности.

obvinuvanja-za-siluvanje-proteruvanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-tituli.jpg

Истовремено, постојат шпекулации дека принцот Чарлс и принцот Вилијам ги зеле работите во свои раце пред кралицата и тие најмногу инсистирале Ендру да биде протеран од семејство.

obvinuvanja-za-siluvanje-brkanje-od-kralskoto-semejstvo-sinot-na-kralicata-elizabeta-gi-izgubi-site-kralski-tituli-09.jpg

Ако се покаже дека принцот е виновен, покрај можната казна затвор, веројатно повеќе нема да се смета за член на кралското семејство и во јавност ќе нема никаква поврзаност со нив. Наводно, нема да добива ни никаква финансиска помош од нив.

Оваа ситуација е уште еден сериозен удар за кралското семејство по изјавите на Хари и Меган Маркл кои тврдеа дека се соочиле со расизам во палатата, но и споделија други детали од тамошниот живот со кои го „оцрнија“ семејството.

Прочитајте повеќе: Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?

Спирова С. | Црнобео

Би можело да ве интересира:

Спектакуларен крај на прославите за Платинестиот јубилеј – настанот чинел 18 милиони долари, Меган и... Со парада за чија организација биле одвоени 18 милиони долари, завршија прослави...
Хит меме: Принцот Луи (4) со нови смешни фацки повторно главна ѕвезда на јубилејот на кралицата Принцот Луи стана хит на Твитер и слободно можеме да кажеме дека веќе е омиленио...
Девојка (23) и нејзиниот партнер (63) ја разбрануваа јавноста: „Ме разгалува со скапи подароци, сите... Вилоу (23) и нејзиниот партнер (63) се соочуваат со многу критики поради нивната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg