Девојката со ангелски глас што го стопи срцето на Сајмон Кауел ја загуби битката со ракот: „Ќе ја помниме по надежта што ја ширеше“

Ги освои срцата на милиони со својата изведба на America’s Got Talent, а го расплака суровиот судија Сајмон Кауел со својата приказна. Доби златен тастер, но се откажа откако здравјето ѝ се влоши. Џејн Марчевски, позната како Nightbirde ја загуби битката со ракот.

devojkata-so-angelski-glas-shto-go-stopi-srceto-na-sajmon-kauel-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-kje-ja-pomnime-po-nadezhta-shto-ja-shireshe-01.jpg

Девојката што го расплака светот со својата тажна приказна за време на настапот на America’s Got Talent, Џејн Марчевски почина во саботата (19.02) на возраст од 31 година, откако претходно се бореше со ракот 4 години.

„Твојот глас, твојата приказна и твојата порака допреа до милиони. Nightbirde секогаш ќе биде член на семејството America’s Got Talent. Почивај во мир“ – стои на официјалниот Инстаграм профил на шоуто.

Џејн отворено говореше за својата битка со ракот, па во една прилика кажа дека еднаш веќе се изборила со рак на дојката, но повторно се вратил.

„Имам два проценти шанси за преживување, но два проценти не се нула проценти. Два проценти се нешто и посакувам луѓето да знаат колку е тоа прекрасно“ – велеше таа.

devojkata-so-angelski-glas-shto-go-stopi-srceto-na-sajmon-kauel-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-02.jpg

Благодарение на прекрасниот глас со кој ја изведе нејзината авторска песна I’m OK, таа брзо ја освои публиката, а го доби и златниот тастер од Сајмон Кауел кој со солзи во очите ја слушаше нејзината тажна приказна.

Џејн иако прерано го загуби животот, сепак успеа да го оствари сонот за музичка кариера. Нејзината авторска песна стана огромен хит, а видеото од нејзината изведба беше второ по гледаност на YouTube.

devojkata-so-angelski-glas-shto-go-stopi-srceto-na-sajmon-kauel-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-04.jpg

За жал, Џејн мораше да се откаже од настапите во America’s Got Talent откако ѝ се влоши здравствената состојба. Таа сподели порака до своите обожаватели на денот кога започна финалето на шоуто.

„Толку ми е тешко да не бидам на сцената оваа недела. Се обложувам дека никогаш не сте виделе некој што толку силно се бори, но и толку многу губи истовремено. Не требаше вака да заврши приказната“ – рече таа.

devojkata-so-angelski-glas-shto-go-stopi-srceto-na-sajmon-kauel-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-05.jpg

Вестите за прераната смрт на Џејн ја соопштија членовите на нејзиното семејство кои рекоа:

„Ние како семејство сме скршени од болка поради нејзината смрт и незамисливата загуба. Многу од вас ја помнат по настапот во America’s Got Talent каде ја изведе песната It’s Ok и инспирираше милиони луѓе во светот со нејзините пораки за надеж и истрајност.

Тие што ја познаваа уживаа во нејзиното големо срце и смислата за хумор. Имаше досетлива шега за секоја пригода – дури и кога се шегуваше на своја сметка. Ќе ја помниме по надежта што ја даде преку нејзината музика и силата што ја наоѓаше во вербата во Бога“ – се вели во соопштението.

Да се присетиме уште еднаш на нејзината изведба:

https://www.youtube.com/watch?v=CZJvBfoHDk0

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...

Најчитани неделава