Украинка била заробена два часа под урнатините во Харков: „Мислев дека ќе останам закопана жива“

„Не можев да се движам и плачев, мислев дека ќе останам жива закопана“ – раскажува украинската инструкторка по пливање Ајуна Морозова, која два часа останала затрупана под урнатините по масовното бомбардирање во Харков во Украина.

ukrainka-bila-dva-chasa-zarobena-pod-urnatinite-vo-harkov-mislev-deka-kje-ostanam-zakopana-zhiva-001.jpg

Со какви предизвици се соочуваат луѓето во Украина коишто наместо да се засолнат во бункери остануваат „на отворено“ да волонтираат за војниците, говори и приказната на оваа инструкторка по пливање која останала затрупана под урнатините.

Ајуна Морозова која работи како инструктор по пливање на социјалните мрежи и во официјално писмо до Украинската Пливачка Асоцијација го сподели своето хорор искуство, како два часа била затрупана под урнатините во Харков по бомбардирањата.

ruska-instruktorka-po-plivanje-bila-zarobena-2-chasa-pod-urnatinite-vo-harkov-mislev-deka-kje-ostanam-zakopana-zhiva-02.jpg

За среќа, Ајуна била спасена откако друга волнотерка успеала да ги слушне нејзините повици за помош.

„Жива сум, делумно безбедна и мошне вознемирена“ – вели таа во своето обраќање.

Во писмото напишано до Федерацијата Ајуна раскажува:

„Бев во приземниот кат од зградата и работев како волонтер - послужував храна за војниците. Не можев да останам настрана затоа што ова е мојата земја и планирам еден ден да станам Министер за млади и спорт.

Лежев под урнатините два часа и се молев на Бог на сите јазици што ги знам. Не можев да се движам и плачев, мислев дека ќе останам жива закопана. Ме најдоа во подрумот.

Бог да ја благослови мојата спасителка Жења која ги слушна моите повици за помош и веднаш ги повика другите да дојдат и да ме откопаат“.

Ајуна на социјалните мрежи денес сподели дека се чувствува подобро, но дека сѐ уште ѝ одѕвонува во ушите. Нејзините фотографии се споделуваат на социјалните мрежи:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвув... Пред десетина дена, во пештера во државата Њујорк, маж се заглавил додека минува...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Се дотерувам 2 часа за да бидам најубавата мајка кога го носам син ми на училиште - не сакам да бид... „И додека некои мајки се сосема задоволни да го однесат своето дете на училиште ...

Најчитани неделава