Правеше луксузни секс-забави, сопругите ги менува за помлади, а на 85 години се ожени по третпат – Факти за Силвио Берлускони
Првата сопруга на Берслускони била Карла дал Оглио (81) со која бил заедно речиси 20 години. Со неа ги има двете деца Марина и Пјер Силвио. Наводно по раѓањето на двете деца, почнале проблемите во бракот кога Силвио почнал да се гледа со неговата следна голема љубов.

По Карла, Берлускони стапил во брак со актерката Вероника Ларио (65) со која има 3 деца. Во 2009-та година Вероника поднесе документи за развод по 22 години брак, и која го обвини дека имал секс со малолетнички додека бил во брак со неа.

Интересно е тоа што, по завршувањето на бракоразводната постапка во 2014-та година, на Вероника ѝ беше наредено да му плати 60 милиони евра на поранешниот сопруг, што ѝ биле префрлани на сметката за време на разводот, затоа што таа имала доволно сопствени приходи и не ѝ биле потребни неговите пари.

Берлускони отсекогаш сакал помлади девојки и жени. Тој бил вклучен во повеќе секс скандали со проститутки, а против него сѐ уште се води судска постапка за поткуп на сведоци во судскиот процес за малолетна проституција.

Неговата „блескава“ политичка кариера беше завршена по избувнувањето на повеќе скандали. Во 2013-та година поранешниот премиер беше обвинет прво за затајување данок, а беше казнет само со општествена работа.

Најголемиот скандал поврзан со поранешниот италијански премиер е од 2015-та година и е поврзан со Мароканката Карима Ел Маруг, попозната како „Руби крадецот на срца“. Тој бeше обвинет дека од февруари до мај 2010-та година на Руби ѝ плаќал за секс услуги, во периодот кога таа имала само 17 години.

Уште неколку факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и...
„Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...