Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Завршив во инвалидска количка, но патувам низ светот - сопругот ме носи во раце, а добивме и ќерка“

„Приказната започна на 6-ти октомври 2011 година кога имав само 19 години. Паднав од скутер, не беше тоа некоја спектакуларна незгода, само се излизгав некако, но за жал го повредив сериозно ‘рбетот. Месеците минуваа и стигна официјалната дијагноза – параплегија. Повреда на 'рбетниот мозок. Ми требаше инвалидска количка... Мислев дека ништо нема да биде исто, но беше и подобро - го запознав мојот сопруг, го пропатував светот, забременив и ја добив мојата Софи.“

kako-zavrshiv-vo-invalidska-kolichka-pa-ja-zapoznav-ljubovta-na-mojot-zhivot-dobiv-dete-i-patuvam-niz-svetot-01.jpg

Џулија Ламарка е 30-годишна девојка од Италија која искрено ја раскажува својата животна приказна.

Инспиративна и храбра, таа е пример како треба да се справуваме со непријатните ситуации во животот.

Нејзината приказна:

„Јас сум Џулија Ламарка. Мојата приказна можеби ќе ви звучи слично на други вакви приказни, но за мене е уникатна.

Приказната започна на 6-ти октомври 2011 година кога имав само 19 години. Паднав од скутер, не беше тоа некоја спектакуларна незгода, само се излизгав некако, но за жал го повредив сериозно ‘рбетот.

Почувствував силна болка во стапалото (толку што мислев дека е скршено), која полека си се префрли кон грбот.

Всушност, само неколку мигови подоцна имав силна и неподнослива болка, каква што не сум почувствувала никогаш. Потоа имаше сирени, светла, итна помош...

Миговите по несреќата ми беа јасни, но од мигот на итната помош сè ми е матно и дупките во меморијата ги пополнувам со приказните од блиските.

Имав операција и кога се разбудив имав чувство дека нешто големо се случило, но не знаев што. Ги погледнав моите нозе на креветот и изгледаа како нечии туѓи нозе, како да не ми припаѓаа мене. Изгледаа мртво, не беа поврзани со горниот дел од моето тело.

Имав илјадници прашања во главата, не знаев ништо. Сакав да бидам силна и правев шеги на своја сметка, сакав да им олеснам на луѓето што ме сакаа.

Месеците минуваа и стигна официјалната дијагноза – параплегија. Повреда на 'рбетниот мозок. Ми требаше инвалидска количка.

За моите родители беше шок, дури како да не очекуваа, но мене некако ми беше јасно веќе извесен период. Не е тешко да разберете дека нешто сериозно не е во ред кога половина од вашето тело не комуницира со другата половина.

Тешко ви е да прифатите дека телото ви се променило, животот ви се променил и никогаш повторно нема да бидете исти.

Пред несреќата водев активен живот, спортував, бев натпреварувачки настроена, но по 6-ти октомври мојот живот се промени комплетно. Немав идеја што сега, но знаев дека никогаш нема да се откажам.

Сакав да се вратам на работите кои ги правев претходно, да бидам независна и успешна повторно. Морав само да научам како.

Не беше лесно воошто. Учев како да ја користам количката, ја сакав и мразев едновремено. Имавме многу искуства заедно, чудно ми е дури да објаснам.

Но, најдов начин да си ја вратам независноста.

Денес возам, домот ми е специјално опремен за сè да можам сама. Почнав да патувам.

За време на рехабилитацијата го запознав младиот физиотерапевт Андреа, кој беше таму на пракса. Му бев пациент, се гледавме речиси секој ден со месеци и почнавме да разговараме на различни теми.

Кога му заврши праксата ме праша: „Зошто да не одиме заедно во Австралија кога ќе завршам колеџ и кога ти ќе завршиш со болничкиот третман?“

Се двоумев малку да бидам искрена, не ми се веруваше дека ме прашува такво нешто, не верував дека навистина го мисли тоа, но сепак кажав „да“.

Мислев дека никогаш никој нема да ме прифати во инвалидска количка, едвај јас самата се прифаќав. Бев исплашена, мислев дека никој нема да ме сака таква.

Нашето патување во Австралија беше едно од многуте.

Преку патувањата почнав да се чувствувам слободна.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Жена го оставила сопругот и трите деца за маж што го запознала на одмор во Египет - но, зошто се пок... Јулија Кларк (53) од Велика Британија чувствувала дека нејзиниот брак, кој траел...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg