Спектакуларен крај на прославите за Платинестиот јубилеј – настанот чинел 18 милиони долари, Меган и Хари не беа присутни

Со парада за чија организација биле одвоени 18 милиони долари, завршија прославите по повод 70-тата годишнина на тронот на кралицата Елизабета. Иако се во Англија, Меган и Хари не беа дел од големиот настан.

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-01.jpg

Денес завршуваат прославите по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, а главниот настан во Лондон беше навистина спектакуларен.

Низ цела Англија се одржале илјадници прослави во чест на кралицата, додека во Лондон беше организирана голема парада која траеше повеќе од два часа. Според британските медиуми, во парадата учествувале 10.000 луѓе, а за организацијата на целиот настан биле потрошени речиси 18 милиони долари.

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-04.jpg

Вилијам, Кејт и нивните деца ја следеа парадата заедно со другите членови од кралското семејство, но помеѓу присутните не беа забележани Меган и Хари.

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-05.jpg

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-07.jpg

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-03.jpg

Покрај бројните точки за време на парадата, можеби најинтересен беше холограмот од кралицата „сместен“ во кочија.

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-02.jpg

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni-06.jpg

Дел од парадата беа и неколку автомобили од култните филмови за Џејмс Бонд – еден од најпопуларните фиктивни ликови од Англија.

Кралицата го следеше настанот од палатата поради проблемите со здравјето, а до самиот крај не се знаеше ни дали ќе се појави на балконот од Бакингемската палата.

Сепак, по завршувањето на парадата, кралицата ги израдува присутните и застана на балконот заедно со Чарлс, Камила, Вилијам, Кејт и нивните деца.

Хари и Меган и овојпат беа изоставени.

spektakularen-kraj-na-proslavite-za-platinestiot-jubilej-nastanot-chinel-18-milioni-dolari-megan-i-hari-ne-bea-prisutni15.jpg

Повеќе фотки од прославата:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл, чекор зад Кејт Мидлтон, оддава почит пред ковчегот на кралицата - со бисерни обетки од ... По сите скандали, Меган Маркл и принцот Хари се дел од процесот на тагување по к...
Ги знае сите тајни на кралицата, но никогаш нема да ги каже – Ќе добие ли отказ човекот што 44 годин... Велат дека високиот Пол ги знае сите тајни на кралицата, но никогаш нема да ги к...
Пар доби близначиња со различна боја на кожата: „Луѓето не ни веруваат дека се близнаци“ Шантел и Ештон од Англија имаат родители од различни раси, па добиле близнаци со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg