Кејт го смирува малиот Џорџ додека плаче, милениците ја испратија на последното минување - емотивни моменти од погребот на кралицата Елизабета
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Принцезата Шарлот се расплака на последното збогување со прабаба ѝ, но и го потсети братчето кога треба да се поклонат. Двете кучиња и омилениот коњ на кралицата беа присутни на нејзиното последно минување низ Виндзор, а нејзините деца и внуците Хари и Вилијам со семејствата, достојно ја испратија - емотивни моменти од историското погребување на кралицата Елизабета Втора, која почива покрај сопругот.
Кралското семејство, но и целиот свет, денес се збогуваше со кралицата Елизабета, кога по поворката и церемонијата, нејзиниот ковчег беше спуштен под капелата St. George.
Десетици илјадници луѓе присуствуваа на овој настан, меѓу кои и многу светски политичари и претставници на земји, а исклучок не беше ниту нашиот претседател со својата сопруга.
Во продолжение погледнете некои од највпечатливите и најемотивните моменти кои го одбележаа овој историски ден:
Прошталната порака на кралот Чарлс која стоеше на ковчегот
Браќата Вилијам и Хари еден до друг, сплотено и достоинствено чекорат зад ковчегот на баба им
Претседателот на САД, Џо Бајден заглавен во сообраќајот на Лондон, заради што малку задоцни
Персоналот на Бакингемската палата ја испраќа кралицата за последен пат
Четирите кралски сопруги, Камила, Софи, Кејт и Меган, облечени во црно достојно ја испратија кралицата
Кејт и Меган носеа накит од кралицата Елизабета во нејзина чест
Хари не направи војнички поздрав затоа што се откажа од кралските обврски, и покрај тоа што има служено во воени конфликти
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





