„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)?

Принцот Ендру се качил на покривот на Бакингемската палата да ја помести антената за кралицата да не може да гледа коњски трки во живо, а принцезата Маргарет го допирала екранот на телевизорот за да дознае дали вработените гледале телевизија додека таа била излезена. Кои членови на кралското семејство се најомразени меѓу послугата?

crveniot-gjavol-aroganten-snob-koi-se-najomrazenite-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-i-zoshto-01_copy.jpg

Кога ќе се затворат вратите на палатата, членовите на британското кралско семејство „ги симнуваат маските“ и го покажуваат своето вистинско лице пред послугата и оние што работат за нив.

И иако во јавноста се секогаш насмеани, пријатни, културни, некои од нив се познати како сурови, груби, дури и садистички зад затворени врати.

Некои членови на кралското семејство се почитувани од своите вработени бидејќи приватно се исти како и пред светот, но други го носат епитетот „омразени“.

crveniot-gjavol-aroganten-snob-koi-se-najomrazenite-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-i-zoshto-03.jpg

Со кои членови на британското кралско семејство нивните дворјани имале најмногу проблеми низ годините?

Принцезата Маргарет

Сестрата на кралицата Елизабета II, принцезата Маргарет, меѓу вработените на дворот е позната како „арогантен сноб“. За неа постоеле и бројни навредливи прекари, кои вработените ги користеле зад нејзиниот грб, но тврдат дека таа им давала причини за тоа.

„Таа беше надмен сноб и ја исмејуваше сопствената баба затоа што потекнувала од пониска класа“, рекол вработен во Бакингемската палата.

Принцезата била неверојатно разгалена, до тој степен што во една пригода успеала да го налути „пола Холивуд“ за само еден час, бидејќи гледала со потценување на познатите актерки и се обидувала да ги понижи.

Таа имала „блага садистичка црта“, секогаш полна со екстремни барања и лошо расположена кон својот персонал.

Нејзиниот биограф, Том Квин, во својата книга Yes Ma’am, напишал и дека таа никогаш не помислила дека треба да го смени начинот на кој се однесувала кон својот персонал.

Кога се враќала дома од забава, секогаш трчала кон телевизорот за да провери дали е топол и да открие дали дворјаните неодамна гледале телевизија. Ако забележела дека е топол, вриела од лутина.

Таа мразела и кога нејзините работи се преместуваат без дозвола и викала на цел глас по слугите пред сите, за да ги понижи.

crveniot-gjavol-aroganten-snob-koi-se-najomrazenite-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-i-zoshto-05.jpg

Принцот Ендру

Во новата биографија на принцот Ендру, Entitled: The Rise and Fall of the House of York, има многу детали за грдото однесување на синот на кралицата Елизабета II кон вработените.

Принцот ги понижувал, пцуел и навредувал вработените во палатата, ги нарекувал „имбецили“ затоа што не ја користеле целата титула на Кралицата Мајка кога ѝ се обраќале.

Тој го испраќал обезбедувањето да ги собира неговите топчиња од терените за голф, а се возел во приватни авиони како во такси.

„Целиот живот му се даваа секакви привилегии, а тој проценуваше лошо и се впушташе во многу компромитирачки ситуации, поради својот лош карактер“ - пишува во биографијата.

Омилениот син на кралицата Елизабета бил проблематичен од мал, и особено уживал да прави различни шеги на сметка на мајка си.

Еднаш истурил прашок кој предизвикува чешање во креветот на неговата мајка, а имал и навика да се прикрадува зад членовите на Кралската гарда и да им ги врзува врвките на чевлите за да не можат да одат кога ќе дојде време за смена.

Во една пригода се искачил на покривот на Бакингемската палата за да ја помести антената, а за да кралицата не може да ги гледа коњските трки во живо.

crveniot-gjavol-aroganten-snob-koi-se-najomrazenite-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-i-zoshto-06.jpg

Сара Фергусон

Сопругата на принцот Ендру, во јавноста е позната како „црвениот ѓавол“.

Таа, исто како и нејзиниот сопруг, никогаш не се грижела за чувствата и достоинството на своите вработени, па често им приредувала скандалозни сцени.

„Најлоши беа возењата со автомобил. Таа седи држејќи го телефонот и вришти на своите вработени додека тие не се распаднат. А потоа почнува на глас да прашува зошто сите се толку несреќни“, рекол еден вработен од палатата.

 

crveniot-gjavol-aroganten-snob-koi-se-najomrazenite-chlenovi-na-kralskoto-semejstvo-i-zoshto-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg