„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)?
Принцот Филип
Сопругот на кралицата Елизабета имал многу јавни испади во животот.
Еден од најпознатите бил кога нестрпливо му рекол на еден фотограф „веќе да ја направи еб*ната фотографија“.
Но, не се однесувал лошо кон луѓето што работеле во палатата, сите го сакале и го сметале за „народен човек“.

Принцот Хари и Меган Маркл
Откако војводата и војвотката од Сасекс си заминаа од кралското семејство, многу отворено почна да се зборува за малтретирањето што го трпеле нивните вработени.
Додека живееле во куќата Фрогмор, во близина на замокот Виндзор, војвотката, наводно, била толку груба кон градинарот, што морала да се вмеша и кралицата.
„Главниот градинар бил да се пожали кај кралицата, а таа се соочила со Меган зашто, очигледно, не сакала луѓето да бидат груби кон персоналот“, рекол вели кралскиот експерт Хуго Викерс.
Друг извор за медиумите открил дека Меган преку телефон „вриштела“ на цвеќарот половина час, бидејќи на социјалните мрежи не нагласиле дека и таа самата учествувала во изработката на бидермаерот.
Меган наводно направила драма пред свадбата затоа што добила впечаток дека едно јадење во менито не е веганско.
„Била многу потресена и рекла дека јадењето требало да биде веганско и макробиотичко, но во тој момент наишла кралицата дошла и ѝ рекла: ‘Меган, ние не разговараме со луѓето на тој начин во ова семејство’,“ тврди новинарката Кејти Никол.
И принцот Хари имал свои моменти на грубост и наводно бил толку лут на стилистката на кралицата, откако одбила да ѝ ја даде на Меган семејната тијара произведена во Русија, што кралицата Елизабета морала да интервенира и да му каже дека неговата сопруга не може да има сè што сака.

Кралот Чарлс III
Сегашниот монарх со децении го носи епитетот „Разгалениот принц“ поради тоа како се однесува кога не го снимаат камерите и фотографите.
На 76 години тој и понатаму чека секое утро и вечер некој да му стави паста врз четката за заби зашто никогаш не го направил тоа во животот.
Кралот Чарлс ги обожава своите градини и толку многу внимава на деталите, што 11 од 12 луѓе во неговиот „тим за градинарство“ дале отказ во последните три години.
Наводно, ги цени луѓето кои не очекуваат да им плати за нивните услуги, па така, кога еден вработен платил сметка од 1.000 фунти за него, Чарлс не ги вратил парите, а не му рекол ни „благодарам“.
Кога ги посетува пријателите за викенд, со себе си носи свој мебел - во една пригода пристигнал на гости придружуван од камион, во кој дури имало кревети, комоди, уметнички слики...

А. Ј. | Црнобело
