Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл
- Детали
- недела, 23 ноември 2025
На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, неретко се случувало да го истури гневот врз нејзината послуга.

Како луѓе родени во раскош кои целиот живот имаат помош и за да се облечат, не изненадува тоа дека членовите на британското кралско семејство се (по малку) разгалени.
Според поранешни вработени, неретко се случувало да бидат навредувани и понижувани од некои од членовите на семејството, дури и кога не правеле ништо погрешно.
Кои биле најлоши кон послугата во палатата?
Меган Маркл имала лош однос со сите вработени во палатата
Во краткиот период што го помина со кралското семејство, Меган Маркл наводно се однесувала многу лошо со послугата.
Создавала токсична средина за вработените и во неколку ситуации, со навреди и понижувања расплакала неколку од нив. А, ни принцот Хари не бил нешто подобар.
Според сведоштво на жена која работела за нив, Меган и Хари постојано ѝ ѕвонеле на телефонот кога имала слободен ден.
„На секои десет минути, трпев понижување од Меган и Хари. Помладите девојки кои работеа за нив бе скршени од нивното однесување“.
И приватната секретарка на парот имала проблеми со нив.
„Има кажано дека кога работела со нив, се чувствувала како да се справува со тинејџери“.
Кралот Чарлс покажа колку е разгален и пред камера
Кога кралот Чарлс официјално го презеде тронот од мајка му, требаше да потпише документ.
На видео од церемонијата се гледа маса на која има оставено предмети, како мастило, и наместо да ги потргне, тој грубо мавта со раката за некој од послугата да ја расчисти масата.
Иако моментот беше важен дел од историјата на британската монархија, многу повеќе внимание привлече разгаленото донесување на кралот кој стана мета на многу шеги.
Набрзо потоа се појави уште едно видео, во кое кралот се разгневува бидејќи си ја извалкал дланката додека потпишува нешто.
И пред овие видеа се шпекулираше дека кралот Чарлс е личност со проблематичен карактер кој имал некогаш и нереални барања.
Чарлс им се заканувал на вработените со отказ
По смртта на кралица Елизабета, кралот Чарлс им се заканил на повеќе од 100 вработени со отказ.
Голем дел од овие луѓе работеле за него со години, но тој сметал дека нема да му бидат потребни кога ќе го наследи тронот.
„Сите се гневни, вклучувајќи ги приватните секретари и постарите вработени. Од смртта на кралицата, се убиваа од работа, за сега да ги дочека ова“, сподели извор за британските медиуми.
Меган Маркл се однесувала лошо и со вработените на Кејт
Не е тајна дека Меган Маркл и Кејт Мидлтон не се согласувале најдобро.
Според некои извори, проблемите меѓу нив почнале кога Меган почнала да им црка на вработените на Кејт.
„Кејт беше вознемирена кога Меган почна да вика на нејзина вработена. Со ова почнаа разговорите да ја напуштат Кенсингтонската палата.
Ситуацијата беше многу непријатна бидејќи Меган изгуби контрола. Сметала дека не добивала доволно внимание“.
Други извори велат дека Меган очекувала сите да „трчаат да ѝ помогнат“ веднаш штом ќе побара. Па, ако веднаш не добиела тоа што го сака, имала гневни испади.
И Ендру ги понижувал вработите
Братот на кралот Чарлс, Ендру, исто така имал ужасен однос кон вработите.
Според негова поранешна помошничка, тој ги викал вработените и само да ги тргнат завесите од прозорецот.
„Требаше да се облечам да се качам по многуте скалила и да го видам како седи до завесата. Еднаш ми се развика бидејќи не сум ја затворила завесата целосно“.
И принцезата Дијана имала свои испади
Иако за повеќето е омилениот член на кралското семејство, добро познат факт е дека на Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со нив.
Па, многупати го истурала гневот врз вработите.
Во една пригода дури и ја навредила нејзината стилистка и ја нарекла идиот.
Спирова С. | Црнобело
