Никогаш не е доцна: Жена од Бразил станала модел на 68 години – денес е хит на Инстаграм (фото)

Роса Саито од Бразил има 71 година и работи како модел, а кариерата ја почнала пред само три години. Нејзината приказна е доказ дека никогаш не е доцна да почнете да ги остварувате вашите цели.

nikogash-ne-e-docna-brazilka-stanala-model-na-68-godini-denes-e-hit-na-instagram-foto-01.jpg

Постојат многу модели кои се активни и по 60-тиот роденден, но обично тие се прославиле во младоста и решиле да не се пензионираат.

Роса Саито има 71 година и работи како модел, но она што ја прави поразлична е тоа што ја почнала кариерата пред само три години.

Роса е родена во Сао Паоло, Бразил и отсекогаш сакала да ја покажува својата креативност, без разлика дали со пеење, цртање или пишување.

Таа отсекогаш се гледала себеси како уметник, но во младоста немала можност да се фокусира на ова.

На 22-годишна возраст, Роса морала да се грижи за нејзината болна мајка, па немала време да размислува за остварување на нејзините соништа и цели.

Во 2000 година го изгубила сопругот, па морала сама да се грижи за нивните три деца.

Годините поминувале и Роса мислела дека возбудливиот дел од нејзиниот живот е зад неа.

Но, пред три-четири години, Роса доживеала неочекуван пресврт - модна агенција побарала да соработува со неа.

„Добив понуда од модна агенција и од фотограф. Цела година размислував за идејата. Сепак, и тоа си има цена. Не можев да прифатам тукутака“.

Откако наполнила 68 години, Роса решила дека сепак ќе ѝ даде шанса на кариерата во модната индустрија.

Роса не знаела речиси ништо за овој бизнис, но веднаш сфатила дека тоа е нејзината страст. Брзо се прославила, па дури била поканета и на Модната недела во Сао Паоло.

Интересно е што Роса никогаш не сонувала за слава, туку само сакала да се пронајде себеси.

„Само сакам да го правам она што е најдобро за мене и да се пронајдам себеси. Ако не пробаш нешто, никогаш нема да знаеш“.

Роса вели дека целиот живот водела добра грижа за себе, а нејзиниот изглед се должи на токму тоа.

„Отсекогаш сум се грижела за изгледот со алое вера, кокосово масло и маслиново масло. Самата убавина значи и да се грижите и за вашите мисли, вашата духовност.

Секако, како жена, има некои работи што сакам да ги променам. Но, не сум незадоволна од себе. Се чувствувам убаво“.

Роса вели и дека воопшто не се чувствува остарено.

„Не верувам дека стареење е збор што треба да го користиме. Јас би го употребила зборот учење. Продолжувам да учам и сметам дека колку повеќе учам, толку помалку знам.

Секако, времето минува, но што воопшто е времето? Ако треба да ѝ одредам возраст на мојата душа, би рекла дека има 22 години“.

Роса вели дека станала свесна за нереалните стандарди за убавина што владеат во светоt на модата, но верува дека нештата постепено се менуваат на подобро. Односно, луѓето учат да ја ценат и внатрешната убавина.

Денес Роса има 71 година, соработува со модни брендови од целиот свет, а на Инстаграм ја следат над 45.000 корисници.

Роса дефинитивно е доказ дека никогаш не е доцна да почнеме да ги следиме нашите соништа.

Повеќе фотки од Роса на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев во врска со 10 години помлад дечко – Зошто никогаш повторно не би влегла во таква врска, иако с... „Одлучив да му дадам шанса. Се чувствував како повторно да имам 20 години. Негов...
30 фото докази колку убава земја беше Украина, пред војната Сте слушнале ли за зелениот „Тунел на љубовта“ во Украина? Се смета за едно од н...
Бајка од реалноста: Останала слепа на 18 години, го запознала него, ѝ помогнал да го врати видот – д... „Беше ужасно ненадејно да се разбудиш и да не можеш да гледаш и за миг да станеш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg