Била родена како вонбрачно дете на сопственикот, а денес е на чело на ZARA - Приказната на Марта Ортега наликува на шпанска серија

Пораснала во луксуз, но важи за мошне скромна личност иако најдобри пријателки ѝ се кралицата Летиција и Атина Оназис. Нејзините родители стапиле во брак дури кога наполнила 15 години, но важела за миленичка на татко ѝ – факти за Марта Ортега, наследничката на ZARA.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-01.jpg

Познатиот бренд ZARA е меѓу омилените во светот, а честопати и Кејт Мидлтон и кралицата Летиција, биле забележани во нивни модели. Компанијата е основана од страна на Амансио Ортега, а неодамна него го наследи неговата ќерка Марта Ортега.

Приказната на Марта е исполнета со интересни детали и факти, а понекогаш наликува и на шпанска серија, со скандалозен почеток, но среќен крај.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-02.jpg

Приказна за тоа како девојчето што било родено во вонбрачна заедница на мошне богат и влијателен човек, еден ден ќе стане негова единствена наследничка...

Основачот на ZARA, Амансио Ортега (86) бил двапати во брак: првиот пат со жената што му помогнала да го основа брендот Розалија Мера, а вториот пат со 16 години помладата од него, Флора Перез.

Од бракот со Розалија, Амансио добил две деца: ќерката Сандра (54) и синот Маркос (51) кој бил роден со церебрална парализа.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-07.jpg

Најстарата ќерка на Амансио, Сандра денес е позната како најбогатата жена во Шпанија, која наследи околу 7 отсто од акциите што нејзината мајка ги поседувала во компанијата Inditex, а освен тоа има акции во фармацевтската компанија PharmaMar.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-03.jpg

Сандра е дипломиран психолог, а во целост е посветена на работата на фондацијата посветена на луѓето со ментална и физичка попреченост основана од страна на нејзината мајка Флора.

Уште додека бил во брак со мајката на Сандра, Амансио ќе ја почне аферата со Флора Перез, а во 1984-та година ќе ја добие ќерката Марта.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-04.jpg

И покрај тоа што добил друго дете со љубовницата, Амансио и Розалија биле во брак уште две години, сѐ до 1986-тата година, а со Флора (мајката на Марта) се оженил дури во 2001-ва година, кога неговата ќерка наполнила 15 години.

Во продолжение неколку интересни факти за жената што минатата година застана на чело на ZARA:

За Марта се вели дека уште откако се родила била миленичка на нејзиниот татко. Затоа што многу сакала да јава коњи, татко ѝ ѝ купил фарма уште додека била девојче, а се образовала во приватно католичко училиште во Шпанија, па потоа во интернационално училиште во Швајцарија, пред да се запише на Европскиот Универзитет за бизнис со Лондон.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-06.jpg

На возраст од 23 години почнала да ги учи тајните на семејниот бизнис, така што почнала да работи во продавницата на ZARA во Лондон. Работниот ден ѝ поминувал во редење роба и услужување клиенти, а никој од вработените не знаел дека со нив работи ќерката на газдата на компанијата.

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-16.jpg

Иако морала да почне да работи од најниското ниво во компанијата, Марта пораснала во друштво на некои од најбогатите жени во светот, како кралицата Летиција и Атина Оназис (внуката на грчкиот бродоградител).

bila-rodena-kako-vonbrachno-dete-na-sopstvenikot-a-denes-e-na-chelo-na-zara-prikaznata-na-marta-ortega-nalikuva-na-shpanska-serija-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава