Била родена како вонбрачно дете на сопственикот, а денес е на чело на ZARA - Приказната на Марта Ортега наликува на шпанска серија
За Марта велат дека е мошне скромна жена, која има цврсти ставови, а пред да застане на чело на компанијата во 2021-ва година работела во сите сектори: од финансиски и продажен, до секторот за дизајн.

Марта била двапати во брак. Во 2012-та година се омажи за џокејот Серхио Алварез Моја во приватна церемонија на имотот на нејзиниот татко и заедно добија еден син, но набрзо се разделија.

Според шпекулациите во медиумите, причините за разводот биле затоа што парот не поминувал доволно време заедно, затоа што Серхио бил постојано на тренинзи во Холандија, а Марта останувала во Шпанија.

По ова во 2015-та година Марта почна врска со агентот за модели Карлос Торета со кого стапи во брак во 2018-та година, а нивната свадба се сметаше за „настан на годината“.

И покрај тоа што важи за покомуникативна од нејзиниот татко, Марта својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста, па за првпат јавно говореше минатата година кога даде интервју за Wall Street Journal непосредно откако застана на чело на компанијата.

Велат дека Марта ќе успее да постигне уште поголем успех од нејзиниот татко со компанијата, затоа што ако тој бил сконцентриран на изгледот на излогот, таа е заштитно лице на брендот и ја користи секоја прилика да носи модел на ZARA во јавност.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...