Мајка стана мета на критики: „Ставам алуминиумска фолија на масата и јадеме без чинии и прибор, за да не мијам садови“
- Детали
- сабота, 10 декември 2022
Со цел да заштеди време на миење садови, но и да ги намали сметките за струја и вода, мајка од Англија решила да стави алуминиумска фолија на масата, па сите да јадат од неа, без прибор. Што мислите вие за оваа идеја?
Миењето садови е секојдневна обврска што ја мразиме сите. Ако, пак, имате и деца, оваа обврска може да биде уште попроблематична.
Ребека Каберли од Англија е мајка на две деца која вели дека открила одличен трик со кој го избегнува миењето садови, но и со кој тврди дека заштедува струја и вода.
28-годишната мајка наместо да ја служи храната во чинии, ја прекрива масата за јадење со алуминиумска фолија. Потоа, на фолијата ја става храната, а целото семејство јаде со раце.
„Целото семејство сака да јаде со раце, па ова е позабавен начин на јадење, а и чистењето е полесно. Сè што треба да измијам се ножот и даската за сечење“.
Потоа, таа само ја собира фолијата со остатоците од храна и ја фрла.
„Обично ми требаат час и половина за да исчистам по голем оброк, а тоа е многу време откако сум го поминала целиот ден во готвење и чистење“.
Ребека вели дека и децата се воодушевени од идејата.
Ребека сподели фотографија на Фејсбук од масата покриена со фолија, и се чини дека повеќето ја поддржуваат идејата:
„Одлична идеја!“
„Ми се допаѓа што не мора да миеш садови, но јас не можам да им верувам на моите деца дека нема да направат огромен неред без чинија“.
Сепак, некои сметаат дека Ребека прави непотребен отпад со толку многу алуминиумска фолија.
„Не миеш садови, но на алуминиумската фолија ќе ѝ требаат 400 години за да се разгради“, гласи еден од коментарите.
На ова, Ребека вели дека ја фрла алуминиумската фолија во корпа за рециклирање, како и дека не користи пластика.
„Ставам само три парчиња алуминиумска фолија. Сигурна сум дека нема да загадам многу само со тоа“.
Што мислите вие за идејата на Ребека?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





